Џин шин џицу е древен облик на јапонска уметност за исцелување со допир, која помага да се балансираат емоциите и енергијата, со помош на стимулација на одредени точки на рацете.Главна задача на оваа техника е преку важни точки на прстите да се избалансира енергијата на телото која е важна за физичкото и емоционалното здравје на организмот.
Техниката е лесна и може секаде да се примени:
-Обидете се да се опуштите и да се сконцентрирате на тешкотиите кои ги имате. Дишете длабоко и бавно.
-Фатете одреден прст кој кореспондира со емоцијата што ја чувствувате во моментот или оргаот кој што сакате да го излечите, па стиснете го со целата рака.
-Задржете ја положбата околу 2-3 минути. Ќе почувствувате пулсирање на прстите.
-Дишете полека.
На следната страна прочитајте кој прст кореспондира со одредена емоција и орган…
Палец
Органи: желудник и слезинка.
Емоции: анксиозност, депресија и загриженост.
Физички симптоми: болки во стомакот, проблеми со кожата, главоболка, невроза.
Показалец
Органи: бубрези и мочен меур.
Емоции: разочарување, страв и конфузија.
Физички симптоми: болки во мускулите, болки во грбот, забоболка, проблеми со системот за варење.
Среден прст
Органи: црн дроб и жолчна кеса.
Емоции: неодлучност, бес, раздразливост.
Физички симптоми: проблеми со циркулацијата на крвта, менструални болки, проблеми со видот, замор, фронтална главоболка, мигрена.
Домал прст
Органи: бели дробови и дебело црево.
Емоции: негативност, тага, страв од отфрлање, жалост.
Физички симптоми: зуење во ушите, респираторни проблеми, астма, кожни болести, проблеми со варењето.
Мал прст
Органи: срце и тенко црево.
Емоции: грижа, ансксиозност, нервоза, отсуство на самопочитување.
Физички симптоми: болести на срцето, болки во грлото, надувување на стомакот, проблеми со коските.
Главна задача на оваа техника е преку важни точки на прстите да се избалансира енергијата на телото која е важна за физичкото и емоционалното здрав


