Дрога, виски, пари: Албански затвореник ја крена австриската јавност на нозе!

Затвореник од албанска националност ја шокираше австриската јавност со фотографиите од неговата затворска ќелија, на кои тој се фали со бројот на мобилни телефони, дрога, виски и голема сума пари.Албанецот, чиј идентитет се крие, се наоѓа во Штајн кој е втор по големина затвор во Австрија, недалеку од Кремс, каде што лежи во затвор поради трговија со наркотици.
„Очигледно со уживање, тој сака на целиот свет да му покаже како ужива зад решетки“, коментира австрискиот дневен весник Heute.
Со објавено селфи од затворската ќелија, Иљер А. (сменето име), ја фотографирал својата маса на која се наоѓаат кесички со дрога, пиштол, два мобилни телефони, шишиња виски и куп пари. Тука се и „линии“ кокаин кои се подготвени за консумација.
Во неделата, веднаш откако овие фотографии беа објавени во јавноста, стражарите детално ја претресле неговата ќелија, но не пронашле ништо.
„Ние веќе еднаш му го одземавме мобилниот телефон. И понатаму ќе го контролираме“, кратко изјавил Бруно Сладек, шеф на затворот Штајн. Албанецот, чиј идентитет се крие, се наоѓа во Штајн кој е втор по големина затвор во Австрија, недалеку од Кремс, каде што лежи во затвор поради тр

Пронајдете не на следниве мрежи: