Дружете се со Вардарки во АМАТТИ – Веро центар!

Ново место за фотографирање, автограми и добивање билети за натпревар на ЖРК Вардар е Аматти во Веро центар, а денот е среда (18 ноември).Средбата со своите идоли и миленички кои веќе обезбедија место во следната фаза на лигата на шампионките ќе почне во 20 часот. Сите што ќе имаат желба да ги гушнат, бакнат и да се фотографираат со ракометарките, ова ќе им биде вистинска шанса тоа да го сторат.
Можете со себе да понесете хартија и пенкала за да добиете автограм.
Доколку ги заборавите, ние ќе ви дадеме мини фотографија на нашиот тим каде ќе ви се потпишат нашите играчи. Дозволено е да се прави селфи фотографија, да се добие автограм на гипс, или пак да се фотографирате со повеќе ракометарки истовремено…
Запознајте ги одблиску спортските ѕвездите што ги гледате постојано на ТВ. Оние што ќе имаат среќа ќе добијат и билет за натпреварот со Хипо.
Ракометарките ќе бидат и нешто порано на местото на „состанокот“, и меѓусебе ќе се дружат, со кафе, сок и пица, како дел од заложбите за подигање на тимскиот дух, особено пред важни натпревари, како овој со Хипо од 6 коло на лигата на шампионите во сабота во СЦ „Јане Сандански“.Средбата со своите идоли и миленички кои веќе обезбедија место во следната фаза на лигата на шампионките ќе почне во 20 часот. Сите што ќе имаат же

Пронајдете не на следниве мрежи: