Држава со најмалку туристи во светот, а има и само еден хотел

Северно од Фиџи се наоѓа недопрена оаза со само еден хотел и одлични специјалитети.
 
 Тувалу е идеална дестинација за оние на кои им пречи масовниот туризам. Државата се простира на 9 острови со вкупната големина од 26 километри квадратни, а годишно ја посетуваат околу 2.000 регистрирани посетители. 
Се наоѓа северно од Фиџи, на пола пат меѓу Хаваи и Австралија, што го компликува патувањето. 
По долгиот лет над непрегледниот океан, се појавуваат острови со многу палми, а најголем меѓу нив е Фонгафале со големина од 2,8 километри квадратни. 

Туристите доаѓаат со “Fiji Airlines”, а сместување бараат во единствениот хотел на островот, во мотел или во приватно семејно сместување. Храната е евтина, а рестораните служат островски и кинески специјалитети. 
Понудата зависи од производите кои пристигнуваат со брод. Меѓу островите нема летови, но се организираат излети со брод, кои според желбите на гостите вклучуваат и нуркање.
Доколку се одлучите да патувате во Тувалу, забава може да побарате во еден од трите ноќни клубови кои се отворени три дена во неделата.
Ако сакате да го посетите тој скриен рај во Тихиот океан ќе мора да побрзате, бидејќи се наоѓа на листата најзагрозени острови кои поради климатските промени и растот на нивото на водата би можел наскоро да исчезне.
 
Тувалу е идеална дестинација за оние на кои им пречи масовниот туризам. Државата се простира на 9 острови со вкупната големина од 26 километри квад

Пронајдете не на следниве мрежи: