ДРЖАВА ЗАМОРЧЕ

Македонија. Непланираната држава. Бев дете кога се осамостојувавме од „прекрасната“ СФР Југославија, Generation One на една нова самостојна и независна авантура која уште од тогаш многумина ја осудуваа на пропаст. За помладите читатели можеби ќе биде нешто ново но тогаш, во раните 90-ти години од минатиот век, многу луѓе кои претежно потекнуваа од високите ешалони на црвено буржујските елити веруваа дека независноста на Македонија е хир, времена состојба која ќе се надмине со некоја идна федерација, некое идно здружување на „југословенските“ народи во некои по среќни околности. Од Југославија излеговме мирно, речиси незабележани, затоа што уште не бевме влезени во тефтерите на белосветските креатори на новата реалност. Бевме хир, копиле, непланирано и несакано дете на ороспијата Европа која таа со сите сили се трудеше да го чува што подалеку од очите на јавноста.  И ни се смееја на првите пари, на првите отпечатени банкноти на нашата нова држава, не војската, на фудбалската репрезентација на собранието во кое некои ( СДСМ тогаш СКМ-Партија за демократска преобразба) бараа задолжително да се интонира химната на државата која веќе и де факто и де јуре не постоеше. Големите играчи на големата сцена ни даваа две до три години да се распаднеме, да не изеде големоалбанската агенда, да банкротираме, да се самоукинеме….. И не дека не се обидоа, но еве не, 26 години подоца alive and kicking.
Но иако и ден денес сме живи, правен субјект сме во меѓународните односи, со „привремена“ референца, со устав полн со решенија кои може да се најдат само кај нас и на никое друго место на планетата, со паралелни институции, ограбени од транзициските мафијаши, поделени со етнички и територијални агенди, со устав кој не држи во континуиран стенд бај и „аранжмани“ од типот на Пржиниски, Мајски, Рамковен, не значи дека се големите играчи се откажале од агендата која ја имаат за Македонија. Изборот на Доналд Трамп кој некои левичарски кратковиди квази аналитичари сакаа да го наречат само инцидент кој ништо нема да смени во светската геостратегија, силно ги удри по носот уште првата недела од неговата инагурација. Macedonia must die е сеуште жива агенда на глобалистичките крвници, но сега ниту Македонија ниту Европа се во радарот. Парите за „убиството“ се издвоени минатата година и сега треба брзо да се поделат додека Трамп не решил да ги пренасочи во цигли за ѕидот кон Мексико. Тука зборувам за USAID парите, државната подружница на Џорџ Сорос за сите места каде глобалистичката агенда треба да се поистовети со американска надворешна политика и да се стави знак на равенство меѓу тие две работи. Но, Бил Клинтон не е веќе претседател ниту пак неговиот браон клон Обама. Хилари не дојде на власт за да ги продолжи без многу врева овие трагични глобални политики и веќе ништо не е исто како пред 3 месеци. Исти се само југоносталгичарите кај нас и левите квази либерали, киборзи кои сакаат капитализам со планско производство и без конкуренција и контрола врз парите. Ви кажав и во претходните колумни, тоа се луѓе без емпатија за Македонија, македонскиот народ и се што е македонско. Сега, нивните пари за одмори, мохита, песочни плажи и монденски ски-центри се во рацете на албанците, поточно во рацете на Делина Фицо втора жена на албанскиот премиер Еди Рама и огромна подржувачка на глобализмот ( која иронија, глобалист да потекнува од племе кое со агендата уште е во 19-ти век). 9 милиони шарени, американски бонбончиња има госпоѓата Фицо. Гладните левичарски устиња во Македонија веќе се шалтаат кон тирана и Приштина. И како по договор ( пази случајност ) токму сега излегува агендата за знаме, име, употреба на јазик на цела територија, промена на устав,    ( да тој и онака килавиот ).
Токму сега се засилува пропагандата од приштинските дипломци ( Ордановски) дека федерализација не е страшна работа, Најче Мајче се прокламира за земјанка и моча врз сите знамиња и територии и нации а под маса бутка албанска агенда која се заснова токму на овие работи. Се е исто само нејзе ( Хилари ) ја нема.  Сега истиве слободоумни земјани ќе почнат да ве убедуваат дека албанската платформа е супер иако таа тангира токму она за кое тие се декларираат дека се против – нација ( албанската) знаме, име, територија. Нашиве паметњаковичи би да нема територии – освен етничките нели, да нема знамиња освен албанското или некоја компилација во која орелот ќе лета над сонце во заоѓање, химна во која ќе се опеат фашистите на Џемо Хаса и секако Адем Јашари….
Значи нашиве „експерти“ се против националното или да бидеме по прецизни, против МАКЕДОНСКОТО национално, албанско може. Па кои јебени глобалисти сте вие експертутки мои и нереализирани балерини кога во име на глобализам барате етнички кантони со поголеми ингеренции? Каде во било кој сегмент оооооо вие прекрасни земјани, видовте дека глобализмот значи укинување на една нација ( македонската) за сметка на друга (албанската) ? А што очекувавте повеќе од луѓе кои во една минута велат дека сите луѓе за нив се исти за во следната реченица да бараат проширување на Рамковниот договор кој се базира на етнички права? Кој да им каже дека поимот граѓанин нема етнички префикс, не постои албанскиот граѓанин, македонскиот граѓанин, туку напротив, само граѓанин со лоцирање на територијата, местото, географската ширина каде што се наоѓа. Кога велиме Граѓаните на Македонија, со географијата како суфикс, ние мислиме на сите луѓе ( и нелуѓе) кои функционираат во оваа држава која е замислена како граѓанска по концепт но 26 години и е јавната на грб призренската лига со национал/шовинистичка агенда. Македонија е експеримент драги мои и не само тоа, експериментална лабораторија во која се пробуваат сите Менгелеевски и франкенштајновски концепти врз грбот на питомиот и неконфликтен, толерантн македонски народ.
Укинувањето на Македонија, збришувањето на македонците и македонскиот јазик и идентитет од регистарот на светските народи е токму тоа, болен, шизофрен експеримент на „Светската влада“ која сака територии а не нации. И тоа не го сакаат од љубов кон светот ниту пак затоа што се чувствуваат како граѓани на светот како наша Најче Мајче. Тие имаат и нација која се вика профит, и знаме кое се вика експлоатација а богами и религија која се вика пари. Затоа да не ве чудат истите пароли во Македонија, Хрватска, Полска, Белгија, Америка, Еквадор….. Истите луѓе ги прават, ги тестираат овде на мене, на вас, на сите нас, ги делат парите и не гледаат од високо. Чекаат да се испоубиеме меѓу себе за агенди кои тие декларативно со гадење ги одбиваат а под маса ги туркаат. Не знам кој им кажал на нашиве одбрани стотина, дека токму тие ќе преживеат за да и служат верно и до последниот здив на „Светската влада“ но едно знам, ние обичните, ние малите, секојдневните, нормалните ќе бидеме жртвата.
Преживувањето на Македонија нема да биде пресудно во оваа борба на титаните за светска доминација, на ова епско соочување на доброто и злото во зората на 21-от век, но секако ќе биде еден клинец во ковчегот на вампирите на човештвото, оние кои сакаат свет од 500 милиони жители кој ќе работи и создава за нивна благодет, за нивен хедонизам. Свет со абортус, без семејство, свет во кој децата ќе ги одгледува државата без учество на родителите. Свет во кој неморалното е врв на моралот а девијацијата е закон, а ресурсите и богатствата кај нив.
Тие пак, одбраните со своите најблиски, качени на некој нов Олимп ќе гледаат од горе како ние се јадеме едни со други за опстанок, за гол физички опстанок. Тоа е комплексот на Бог. Затоа мора да преживееме, затоа мора да се бориме за вредностите на човекот, за оној етички конгломерат запишан во Библијата пред 2000 и кусур години. Исправете се Македонци, одбијте да сте заморчиња во лабораторијата на светските шизофреници ,борбата само што почна а ние МОРА да преживееме, светот, оној прекрасен, обичен, секојдневен, хуман свет, го очекува тоа од нас….
ЌЕ ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
 Алекс Ванко
Писател,аналитичар,филозоф За помладите чи

Пронајдете не на следниве мрежи: