Државата ќе го спречи наметнатото македонско-украинско сценарио

Во Киев, по каменувањето на полицијата па делењето цвеќе и носењето огледалата, крвта почна да се лее кога пристигнаа багерите и „молотовите коктели“. Во македонското- украинско сценарио дојде и тој момент и нескриено се повикува на него. Државата, сепак, ќе спречи крваво сценарио, пишува Република.ДРЖАВАТА ЌЕ СПРЕЧИ КРВАВО СЦЕНАРИО
Нема потреба надолго и нашироко да се објаснува колку предвидлива, колку веќе видена, колку лоша копија е сето насилство што се „распостелува“ на скопските улици. Колку ступидно и неинвентивно се пресликани акциите со кои се сака да се покаже автентично дејствување, граѓански афект или народска катарза, со бојодисувањето, со паролите, со фалсификаторскиот обид да се фати чекор со обоените револуции. Но, зад тој скапо платен шунд, се крие добро организирана група која цели кон комплетно разорување на системот и кон влез во крваво сценарио за отворен судир на полицијата со народот. Судир за целосно разнебитување на државата.

Палењето на канцеларијата на претседателот беше увод, „спонтаните“ напади врз спомениците и врз институциите треба да наметнат впечаток на нормалност, како подготовка за шокот што се подготвува – судир со полицијата во кој „молотовите коктели“ ќе ги заменат боиците, а во преден план ќе влета „машинерија“ за насилно заземање на институциите. Во таква акција се претпоставува крвав судир со полицијата, за да може да се комплетира украинското сценарио.
Овој план го спроведува групација на домашни и на странски „идеалисти“ и платеници, засилени со криминалното подземје, затскривајќи се зад опозицијата во нејзината безидејност и тотален колапс на идентитетот. Оттука, и украинското сценарио со кое СДСМ под раководство на Зоран Заев се токми за преземање на власта, нема ништо автентично. Таканаречени активисти од левицата, како Мариглен Демири, јавно повикуваа „багеристи“ уште на 13 април, притоа со снимки од Киев каде што со багер се пробива полициски кордон. Мирјана Најчевска, пак, повикува на „партизански активности“ и на блокирање на работата на сите државни институции.
Следејќи го развојот на кризата, притисокот за бегство од избори, заложништвото на СДСМ кај чадорот(САД, ЕУ, УСАИД), кај Канвас, Сорос, радикалите од сите страни, странските платеници и идеалисти, нивното дејствување на социјалните мрежи, но и досегашните активности на теренот – иконографијата, насилните провокации кон полицијата и целиот увезен украински фолклор, денот на „молотови коктели“ и на багери кои итаат кон институциите воопшто не е далеку.
 
Молотови коктели и багери
Наближувањето на датумот на закажаните избори очекувано ќе го влошува моментот со тоа што по велигденските празници протестите, а со тоа и насилствата, ќе добијат на интензитет. Сценариото е да се вовлече државата во целосна криза, да се креира амбиент и да се покаже дека нема услови за избори. За да успее во такво нешто, состојбите мора да се интензивираат и да се радикализираат. Но тоа не значи дека и досега немало обиди за екстремнo дејствување и за напади врз институциите.
– Имавме сознанија дека одредени групи заговараат правење „молотови коктели“ и нивна употреба. Го пресретнавме тоа, но не се исклучува за во иднина. Жалосно е тоа што многу голем дел на криминалци и на криминални групации се приклонуваат кон опозицијата, мислејќи дека со тоа утре при одредени промени во власта, тие би имале одредени бенефиции – посочува директорот на Управата за безбедност и за контраразузнавање, Љубчо Андоновски, кој се согласува дека постои организираност и реална закана од употреба на „молотови коктели“ и на „багери“.
– Констатацијата е точна. Жалосно е што нашите специјални единици се тепани и од мигранти, и од навивачки групи, и од хулигани и од демонстранти. Не знам дали постои попрофесионална и потолерантна полиција од нашата. Гледате по вестите како реагираат во светот во вакви ситуации, а видете колку се мирни нашите – додава Андоновски.
Професионалниот приод на полицијата го истакнува и заменик-министерот за внатрешни работи, Митко Чавков. И тој и Андоновски се децидни дека насилството го предизвикуваат поединци. При такви масовни протести со такво насилство од поединци и од групи, не се 3.000 луѓе насилни. Затоа полицијата се држи до селективен и до пропорционален одговор.
– Според организацијата, времетраењето и интензитетот, сето тоа што е манифестирано од поединци при протестите, оди во правец на предизвикување судири со полицијата и на ескалација на протестите и на кризата. Сѐ оди во тој правец. Напади на полициски службеници, па на објекти, на споменици на културата, на судови, удираат врз институции на системот. Очигледно е дека тие поединци сакаат државата да се вовлече во еден хаос – анализира Чавков, кој истакнува дека полицијата професионално си ги извршува работните задачи, но е мошне претпазлива за да не се влезе во сценариото на поединците.
Јавноста е нем сведок на полициските реакции во кои таа и покрај каменувањата, плукањата, бојодисувањата, навредите, предизвикувањата, па и клетвите, како „Куманово да ви се случи“, остана доследна на зададените задачи. Меѓу другото, и да попречи судир меѓу двете групи кои протестираат со спротивставени мотиви. Но, што кога ќе дојде моментот „багер“?
– Неспорна е нивната интенција да го постигнат тоа сценарио и си играат со трпението и на полицијата и на останатите граѓани. Полицијата е доволно професионална и свесна за интенцијата и за тенденцијата да биде вовлечена во тоа сценарио, полицијата да се судри со народот, но нема да го дозволиме тоа – додава Чавков.

Екстремисти и анархисти во акција
Во оваа игра во која Заев само испорачува привидно водство, не се вклучени само домашните инсталации на Сорос и тренираните групи на српскиот „експерт за револуции“, Канвас. Поединци се добро обучени како да дејствуваат во масовни протести, како да делат летоци, обучени се како да реагираат кога интервенира полицијата, како да легнат, да се склопчат. Еден обучен демонстрант потоа е „одговорен“ за 10 до 15 демонстранти на кои им го пренесува знаењето. Социјалните мрежи, пак, станаа упатство за насилства во протести. Дури постојат и сознанија дека „дневница“ за каменување и за друг вандализам се плаќа по 1.000 денари. Веќе не се тајна српските, грчките и кои уште не обучени хулигани, дојдени на испомош, за да може сценариото да се реализира до крај.
– Покрај физичкото спречување, ние имаме и оперативни информации кои укажуваат на потесна структура која стои зад организацијата на сите тие протести. Независно од кое име настапуваат. Го следиме тоа, а имаме идентификувано и странци што дејствуваат. Работиме интензивно, но нашата цел е и ќе биде селективна и пропорционална реакција – додава Чавков.
Миграциската криза поттикна во Македонија да дејствува и група анархисти од западноевропските земји, кои лесно ги пронајдоа пријателите во македонската левица. Дел од нив се регистрирани меѓу оние што учествуваа во насилствата и во каменувањата во Скопје. И тоа токму од земјите од каде што во Македонија се дојдени и полициски сили заради соочувањето со мигрантите.
Не смее да се заборави дека и албанските радикали во оваа криза гледаат шанса, а згора на тоа, во земјата постојат и групи кои биле, се или групи кои планираат да се приклонат на екстремистичките паравоени структури на Блискиот Исток.
Токму тоа украинско сценарио кое беше посочено и од опозицијата, почна со насилно преземање на иституциите, со судир меѓу граѓаните и полицијата, што доведе до жртви. Ако се погледне и во историјата на овие простори, крвавите сценарија почнуваа по првата жртва.

По сите овие наброени ризик- фактори, ќе успее ли државата, системот, да се одбрани?
– Државата ќе мора да се одбрани. Без разлика кој е од другата страна. Ние сме подготвени да одговориме со сите сили, со сите расположливи средства. Мораме да одговориме – вели Андоновски. Управата за безбедност и за контраразузнавање работи на сосекување на такви дејствувања, по што сознанијата се отстапуваат на Бирото за јавна безбедност, од каде што се преземаат мерки.
– Секако дека ќе има пропорционален и конкретен одговор од полицијата на конкретни дејства. Не генерален и апстрактен одговор кон целата структура, туку како што правиме досега, со документирање, со идентификување, со процесирање прекршочна или кривична пријава, со попречување на поголема ескалација. Ќе најдеме начин да одговориме, максимално ќе ги ставиме во функција нашите ресурси за да спречиме крваво сценарио. Тоа е најважно од сѐ – заклучува Чавков.
Тоа што е сигурно на овие протести, е дека македонскиот народ не прифаќа насилство. Хулиганството, пак, создава и револт кај граѓаните, но и можност за градење модус за некое идно вандалство. Чавков, сепак, вели, дека токму тука е „замката“.
– Убеден сум дека активностите и конкретните дејства на докажување кривични дела или прекршоци и процесирање на истите до суд, и реакциите на обвинителството и на судот, сами по себе ќе имаат влијание. Но, генерално, не смееме да отстапиме ни милиметар од досегашниот полициски пристап – селективен и пропорционален одговор. Ако имаме неселективен и непропорционален пристап, ние сме влегле во нивното сценарио. Тоа нема да го дозволиме – тврди Чавков.
Во своите 25 години независност Македонија ги мина сите тестови за опстојување. Смена на системот, криминал, економски кризи, меѓународни блокади, војни, бегалски кризи, меѓуетнички судири. Колку и да отапеа чувствата во оваа двегодишна криза, пресудниот момент е тука, пред нас. Македонија одлучно ќе одговори на овој сериозен удар за разнебитување. Друг излез – нема.
Извор: ЖурналДРЖАВАТА ЌЕ СПРЕЧИ КРВАВО СЦЕНАРИО
Нема потреба надолго и нашироко да се објаснува колку предвидлива, колку веќе видена, колку лоша копија

Пронајдете не на следниве мрежи: