Република Македонија мора да оди напред. Веќе неколку дена политиките лидери во Македонија одеа интензивни разговори, државата и граѓаните предолго се заложници на една деструктивна политика која негативно влијаеше и се закануваше на секој план. Влогот беше огромен, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по средбата со лидерите на политичките партии од коалицијата „За подобра Македонија“.-Дали граѓаните ќе продолжат да живеат во маглата на политичката криза? Или сето ова ќе го оставиме зад нас? Дали ќе им дадеме можност на граѓаните да го одберат патот напред за нашата нација и држава? Или ќе им дозволиме на политичарите кои со манипулации имаат за цел да ги парализираат состојбите да продолжат да не спречуваат да одиме напред ? Дали ќе продолжиме да се движиме храбро и одлучно како нација, работејќи на растот на економијата и нашите интереси на меѓународно ниво ? Или можеби ќе се исплашиме од предизвиците и можностите со кои се соочуваме ? Договорот од јуни/јули беше постигнат за што е можно побрзо земјата да најде излез од сегашната ситуација. Предвремените парламентарни избори беа најдобриот излез на земјата од политичката криза, истакна Груевски.
Затоа, посочи Груевски. четирите партии и во измените на Изборниот законик се согласија дека 24 април е оптималниот термин за избори. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА договорија и заедно изгласаа во собранието да има избори на 24ти април.
Како што рече, денес со гордост соопштува дека државата тргнала одлучно да се стави крај на политичката криза и да се напредува храбро кон иднината.-Дали граѓаните ќе продолжат да живеат во маглата на политичката криза? Или сето ова ќе го оставиме зад нас? Дали ќе им дадеме можност на граѓаните