Лидерот на СДСМ стана синоним за лага. На социјалните мрежи не е веќе „на лагата“ туку „на Заев му се кратки нозете“. Бисерите му ги знаете сите, лагите уште подобро, а последната е таа за оставката. Ќе ја дал и во партија и во општина ако на победел. И „шу прајме“ сега за „вадење“ од глупоста? Па единственото што го знае Заев – криза, нови лаги и уште понова девалвација на системот, државата и на сопствената нација… Вистинскиот проблем е што овој пат и Заев е излажан. Го излажаа дека ќе победи, па тој коцкарски, сигурен во местенката, стави сѐ во залог. Арно ама, чадорот му обезбеди „само“ 70.000 албански гласови, а ветил 100.000. Таксират…Циклонот Бранко ја погоди Македонија во август 2014 година. Дојде, виде и замина. Вистинскиот циклон за државата, пак, беше и е наследникот на истоимениот лидер познат како БЦ, временско-политичка непогода, која од април истата година ја тресе и дестабилизира државата. Почна со нелогичното непризнавање на изборните резултати. Циклонот Заев, синоним за најголемиот камиказе-политичар во историјата на Македонија и многу, многу пошироко, не беше како Бранко. Овој партиски штетник дојде, виде и остана. Не победи никогаш, но му се бендиса вниманието на толпата, па веќе 2,5 години, ја тероризира, уназадува и уништува иднината на сопствената држава и народ. Веројатно, ова е одличен случај за истражување на светските политиколози, психолози, феноменолози итн. Да, близок е со Карл Фридрих Минхаузен, познат по неверојатните лаги што милувал да ги кажува. Нив први ги овековечиле Германците Рудолф Расле и поетот Готфрид Аугуст Биргер. Лагите на наследникот на БЦ и обожавател на Минхаузен, пак, ги посведочи целата македонска јавност, не еднаш, туку стотина пати. Народот (кој Пендаровски, кој со помош на Албанците стана патетичен Супермен, милува да си го нарекува стока) за состојбата на Заев има една добра фраза, која ваквите ликови ги опишува со два збора. Да, „трчи-лажи“. Неверојатно добар, концизен и прецизен народен опис на состојбата и дејствувањето на лидерот на СДСМ.
Арно ама, повторно имаме проблем. Никој не може да утврди дали тој повеќе лаже по интервјуа и прес-конференции, или повеќе трча по странски амбасади и албански села? Од друга страна, Заев не може да биде Минхаузен. Германецот лажел само за да со својата дарба ги насмее луѓето од своето опкружување, а нашиот локален антихерој за да дојде на власт и за да оствари нечии интереси, кои се сѐ само не македонски. Поверојатно, тој може да биде носител на ендемски поттип, во медицината познат како синдром на Минхаузен. Овој синдром е поврзан со измислувањето здравствени проблеми за да се дојде до толку посакуваното внимание. Кај Заев, пак, синдромот на Минхаузен е уникатен. Тој лаже и лаже за да привлече внимание и да дојде на власт, но притоа измислувајќи лаги за своите политички противници, а неретко и за себе, демантирајќи се, во просек, двапати дневно. За жал на македонскиот народ, така беше и овој пат…
„А сад спектакл“: Како Заев тресеше мандати од ракав
Веројатно, политиколозите не познаваат политичар што толку пати се демантирал и побил самиот себе. Ај што лидерот претставува своевиден феномен, но уште поголем феномен се ликовите што се себепретставуваат како интелектуалци и урбани ликови, а оваа патолошка мана воопшто не им пречеше да гласаат за него. Без лубрикант ја проголтаа и примија прикаската за „режимот“, „слободата“, „ропството“ и уште која не глупост. Настрана, во ниту еден момент не ги загрижи неговото лицитирање со двојазичност и со албански јазик од градинка. Да, оти Заев им рече дека тоа што јасно го кажа, не било така. А тој не лаже, нели. Мазно, си го проголтаа објаснувањето и сѐ што оди во комплет со него и си гласаа. За двојазичност. Да, резултатите покажаа дека кај елитистите и тие што сакаат да станат нема ниту трага од револт од кажаното за албанизацијата. Повторно, куририте лажеле… За жал, експресно, еден ден по изборите ги демантираше и отрезни новото радикално милениче и пратеник Мухи, кој си откри дека тоа воопшто не било лага и дека двојазичноста мора да се реализира. Наведе и 70.000 причини за спроведување на ветеното и на кажаното. Се надоврзаа Ахмети, Тачи, Села и Касами, кои веднаш заминаа на „баци рака“ кај Рама во Тирана.
А Заев, засилен од одобрувањето на членството, си продолжи со лагата. Веќе навикнат, како лик за кој Диво Насеље (каде што освои еден куп албански гласови) беше местенка, па тероризам, лик кому незаконски прислушуваните разговори му ги дадоа странски служби, па непознати му ги оставија пред врата, за да му ги дадат домашни „свиркачи“, човек што се согласи на два термина за избори (април, па јуни 2016 година) за да плукне на ветеното и потпишаното, човек што лажеше без исав во Тел Авив, Љубљана, Берн, Струмица и каде сѐ веќе не, сега за два дена излажа двапати во Скопје.
Да, без срам и перде, лидерот на 11 декември пред целата јавност излажа дека СДСМ освоил 52 пратеника, а ВМРО-ДПМНЕ 51 и си прогласи победа. „Опозицијата на СДСМ, заедно со граѓаните, има еден мандат плус, чекаме резултати, водиме со еден мандат повеќе, почитувани граѓани, радувајте се, славете го животот, падна режим“. Во меѓувреме, ДИК индикативно доцнеше со резултатите и го прекрши Изборниот законик објавувајќи ги мандатите со 2,5 часа задоцнување, но си кажа дека реалноста е 51-49, поткрепено со околу дваесет илјади гласови повеќе за ВМРО-ДПМНЕ. Тоа, сепак, не го премисли Заев. Поради зададената мисија, сега не му „веруваше“ ниту на сопствениот избор, Чичаковски, па следниот ден прогласи нерешено. Демек, ДИК не знаат, а СДСМ да ти имале не 49, туку 50 мандати. Ај што забрани – некој ни случајно да не коалицирал со Груевски, но без да се извини за истресената лагата во неделата, тој без пардон си „плесна“ нова, ставајќи ги сопствените чеда од ДИК во небрано. И додека сите се прашуваа што е идејата на лидерот и дали воопшто ја има, како и памет, тој си имал мака. Голема мака. ОСТАВКА, во множина…
Упс! „Се шегувавме!“ Се излета и понуди оставки
Истиот тој надежен Зоран Заев во повеќе наврати вети лидерска оставка во партијата, па дури и од градоначалничката функција. Никој не го тераше, ниту го праша за тоа, но тој самоиницијативно си вети дека со пораз заминува во политичката историја. Го кажа истото уште пред една недела, зборувајќи си по навика за себе во трето лице еднина. Потврди и дента на изборите при гласањето во родната Струмица. Таму опортунистот Заев изјави: „Ако на олку значајни избори се случи негативен резултат, тогаш ми завршува политичката кариера, но не размислувам за оваа варијанта зашто зрела е Македонија, животот се враќа и убеден сум дека победуваме“. Терминот „опортунист“ означува непринципиелно користење на поволни моменти во одредена ситуација за остварување сопствени, тесни и себични интереси, без воопшто да се води сметка за моралот и за општите интереси. Опортунизмот најчесто се врзува токму со политиката и со политикантството. Каков прекрасен опис на дејствувањето на СДСМ и на Заев во „Википедија“, нели?
Само неколку часа подоцна, откако вети оставка, Заев пред владата во Скопје, додека без проблем лажеше за освоените мандати и веројатно притиснат од фројдовскиот комплекс, во еуфоријата извика: „Леле, леле, што направивме!“ Многу, многу искрено. Навистина, арно што се праша, затоа што направија толку многу глупости за државата и за нацијата.
Заев изненаден: Му ветија, а тој не победи?
Од друга страна, неколку прашања произлегоа од неговата еуфорија. Лажеше ли Заев за мандатите пред влада или беше убеден во нив? Дали некој го излажа за резултатот, и дали тој, навистина, беше убеден дека сигурно победува од истиот творец на ова обемно и комплексно две и полгодишно сценарио? Истиот тој што при победничкиот говор го спомена и Никола Груевски, кој вечерта соопшти: „ Имавме исклучително тежок противник. Тоа не беше само СДСМ, тоа добро го знаете“.
Вечерта на 11 декември 2016 година Македонија се изненади од резултатите. Кој позитивно, кој негативно, но ефектот на изненадувањето беше несомнено присутен кај сите. ВМРО-ДПМНЕ беа изненадени од малата разлика, но вклучувањето на Албанците во прикаската на Заев ја објасни дилемата. Истата вечер се знаеше за „победите“ во Танушевци, Арачиново, Студеничани… ДУИ и ДПА беа непријатно изненадени од Беса, а уште неповратени од првото, истите Али и Мендух се фрапираа и од учеството на СДСМ. Беса се изненади од себе, иако и тие знаеја дека некој (истиот заштитник на СДСМ) им ја среди работата на терен, но во најголема еуфорија и екстаза од пријатно изненадување падна членството на СДСМ. Никој од нив, неупатените во сценариото, не ни сонуваше за ваква блискост од само 20 илјади со гласовите за ВМРО-ДПМНЕ.
За многумина неразбирливо, но наспроти членството и симпатизерите, Заев, Шеќеринска и врхушката беа негативно изненадени и во траор. Тие, навистина, веруваа во победа. Па така им ветија. Не Мухи и Адеми. Кој го излажа раководството на СДСМ дека победата е дефинитивна?
Да, чадорот и овој пат ја утна работата. Исто како и со ефектот на „бомбите“ и со шарената „револуција“, која успеаја само да вдоми двајца елитистички џаболебари во законодавниот дом. Иако, овде поминаа најдобро. Очигледно, некој сработи одлична работа кај Албанците. Со што и како тој некој ги купи гласовите на 70 илјади припадници на оваа заедница, веројатно ќе каже времето. Проблемот е дали некој ќе одговара за стореното, или нема да го полази мува, исто како и актерите во играта на СДСМ, која донесе 150.000 државјанства за Косовци во 1994 година. Рецидивот на истите тие Косовци, поверојатно нивните потомци, го видовме во автобусите полни со нив на 11 декември. Арно ама, утнаа за малку. За само 20-30 илјади гласови, кои ќе им донесеа победа.
Веројатно, авторот на сценариото што трае речиси три години, го убедил Заев дека ќе добие не 70 туку 100 илјади гласови од Албанците. И така сѐ изгледаше стихијно. Почнувајќи од непризнавањето на изборите во 2014 година, бомбите, „револуцијата“, украдената програма, двојазичноста, триумфализмот… Сега, полека, но сигурно, „стихијните“ елементи излегуваат од хаосот и формираат одлично и ефектно сценарио, кое, дефинитивно, не го смислиле Заев, Шеќеринска и Верушевски. Шилегов уште помалку. Проблемот е што прикаската потона како „Титаник“ на Јанева, а сценаристот погреши за малку. Останува отворено, дали истиот тој чадор ќе успее да го сработи замисленото пред официјализацијата на мандатот на Трамп, или, сепак, утката од 20 илјади гласови ќе значи немил крај на сценариото? Европа веќе излезе со јасна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ. Како и да е, Заев се залета. Вети оставки, а загуби. Не залудно се отвори со: „Леле, леле, што направивме!“ Очајничките чекори од политичкиот давеник се очекувани. 20 или 200 илјади разлика, т.е. минатите или овие избори, но некој упорно не признава пораз. Никој не ни очекуваше Заев да се смени и да стане доблесен, но овој чекор се посакуваше од една единствена причина – да се потсмири закрвениот народ, кој го закрви токму недоветниот непризнавач. Прашањето е само до каде ќе оди во уривањето на имиџот на сопствената држава и нација? Подобро кажано, дали остана нешто неинфицирано од неговите недоветни дејства? Уште подобро, пак, време е да престане, затоа што трпението на народот е при крај…
Љупчо Цветановски за „Република“Циклонот Бранко ја погоди Македонија во август 2014 година. Дојде, виде и зам