Државна граница на фудбалски терен: Оние што одат по топката мора да носат пасош со себе!

Третина од игралиштето на ФК Партизан од Костајница ѝ припаѓа на Хрватска, а остатокот на Република Српска. Клупите за резервни играчи исто така се во Хрватска, па тие го гледаат натпреварот од ЕУ.За време на натпреварите на теренот на ФК Партизан во Костајница во Република Српска, фудбалерите над стотина пати ја минуваат границата со Хрватска.
Тоа што е полудо е дека кога топката ќе заврши во шумата во близина и оној кој оди по неа мора да има пасош за да ја врати во игра.
Распадот на Југославија доведе до најголем спортски апсурд во овој град на северот на БиХ, бидејќи границата помеѓу Република Српска и Хрватска оди по фудбалскиот терен.
„Така е, границата минува преку нашиот терен и излегува од него во близина на корнер знамето. Практично играме во две земји“ – вели претседателот на клубот, Зоран Аврамовиќ.
„Со распадот на Југославија дојдовме до оваа ситуација. Кога топката завршува малку подалеку од аут линијата, тој што оди по неа има пасош за секој случај. Хрватските граничари не ни барале пасоши, но им бараат на некои луѓе кои ја обработуваат земјата.“
На прашањето дали фудбалерите и судиите треба да имаат пасош бидејќи цело време ја преминуваат границата, Аврамовиќ одговара со насмевка:
„Не мора. Ние пред распадот се натпреварувавме во Загрепската регионална лига против тимови како Славен Белупо. Со Хрватите имаме добри односи. Многу фудбалери од таа страна играле за нас, а доаѓаат и да ги гледаат натпреварите.“За време на натпреварите на теренот на ФК Партизан во Костајница во Република Српска, фудбалерите над стотина пати ја минуваат границата со Хрватск

Пронајдете не на следниве мрежи: