Наспроти срамните обвинувања кои опозицијата и СОРОС секојдневно ги упатуваат на сметка на претседателот Иванов, фактите го говорат токму спротивното. Воден од принципот на отвореност кон сите во надворешната политика и проактивната дипломатија, претседателот Иванов придонесува кон негување на старите и создавање нови пријателства и партнерства за Македонија во Европа и светот. Заради тоа, Иванов е досега најценетиот македонски претседател во странство, како никој друг до сега.Од почетокот на својот мандат тој има добиено 15 меѓународни одликувања и признанија, од кои 5 Почесни докторати и 2 за Почесен професор.
Иванов е прогласен за Почесен професор на Московскиот универзитет „Ломоносов“ и на „Југозападниот универзитет за финансии и економија“ во Ченгду, Кина, а почесни докторати има добиено на Истанбулскиот Универзитет, на Универзитетот „Хаџи Бекташи Вели“ од Невшехир, на ТОББ Универзитетот за економија и технологија од Анкара, на Христијанскиот универзитет „Димитрие Кантемир“ од Букурешт и на Академијата за јавна администрација на Азербејџан.
Тој е член и во Светската академија на науките и уметностите и почесен протектор на Европската академија на науките и уметностите.
Во рамки на своите посети во странски земји, речиси секогаш е поканет да одржи предавање на тамошните универзитети, што е уште едно признание за неговата компетентност и посветеност. Иванов има одржано бројни предавања на врвни светски универзитети меѓу кои: „Харвард“ и „Јеил“ од САД, московскиот „Ломоносов“, Универзитетот „Федерико Втори“ од Неапол, Школата за дипломатија и меѓународни односи од Женева, Универзитетот во Атина и др. Неговите предавања на универзитетите и неговите излагања на светските самити и форуми секогаш биле дочекувани со силен аплауз од присутните и од учесниците.
Македонскиот претседател е добитник и на Награда на Фондацијата за 2014 година на Форумот Кран Монтана, на Награда за демократија и пазарна економија на Фондот за американски студии од Вашингтон и има Признание за лидерство од ООН.
Сиве овие успеси, награди и признанија, како и неговите животни принципи за чесност, искреност и посветеност,Иванов го прават Претседател во кого македонските граѓани имаат огромна доверба, високо и позитивно мислење.
Признанијата на претседателот Иванов можете да ги видите на следниот линк https://president.mk/mk/priznanija-ivanov.htmlОд почетокот на својот мандат тој има добиено 15 меѓународни одликувања и признанија, од кои 5 Почесни докторати и 2 за Почесен професор.
И