недела, 29 ноември 2026
Најново

Државниот архив на Република Македонија го објави и третиот дел од проектот „Специјалната едиција на документи верни на оригиналот“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Имаме чест да ве информираме дека Државниот архив на Република Македонија го објави и третиот дел од проектот „Специјалната едиција на документи верни на оригиналот“.Од големиот број архивски документи чувани во депото на Архивот за третиот дел на едицијата се избрани: 1. Писмо од раководството на Вториот македонско-одрински револуционерен округ до  војводите Кочо, Тане, Леко и Пандил во Леринско, 16 мај 1905 година;2. Потврда за примена награда во знак на благодарност за услуги кон Македонското  ослободително дело на Георги Х. Митрев, од Централниот комитет на ВМРО,  декември 1925 година;3. Говорот на Панко Брашнаров по повод  отворањето на Првото заседение на АСНОМ, 2 август 1944 година;4. Решение за македонската азбука донесено од Народната влада на Федерална  Македонија, со објаснување на новите букви и темните гласови во азбуката, дадено од  Министерството за просвета на Федерална Mакедонија, Скопје, 16 мај 1945 година;5. Закон за химната, август 1946 година.  Проектот почна да се реализира во 2015 година и досега се објавени 16  документи. Едицијата ќе продолжи да се објавува, а сите заинтересирани ќе можат да  ги набават ексклузивните копии по пристапни цени во Државниот архив на Република  Македонија, но и во сите сувенирници во надлежност на Министерството за култура.Од големиот број архивски документи чувани во депото на Архивот за третиот дел на едицијата се избрани: 1. Писмо од раководс

Поврзани вести