Државниот архив на Република Македонија го објави вториот дел од Специјалната едиција на документи верни на оригиналот. Првиот дел од Специјалната едиција е објавен по повод Денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември.Од културното наследство чувано во депото на Државниот архив на Република Македонија избрани се:
1. Свидетелство за храброст, 8 јули 1903 год.
2. Одломка од „Цветен триод“ (Пентикостар), крај на XIII век – почеток на XIV век, македонска рецензија, пергамент;
3. Карта на Македонија од 1913 година, Д. Павле Чуповски;
4. Законот за Народната влада на Македонија, 16 април 1945 година;
5. Закон за грбот на НРМ, 27 јули 1946 година.
Оваа ексклузивна серија е наменета за промовирање на македонската историја во земјава и во странство.
Сите заинтересирани ќе можат да ги набават овие ексклузивни копии по пристапни цени во Државниот архив на Република Македонија и во сите сувенирници ва надлежност на Музејот на Македонија.
Од културното наследство чувано во депото на Државниот архив на Република Македонија избрани се:
1. Свидетелство за храброст, 8 јули 1903 г