Државниот архив на Република Македонија информира дека во 2015 година ја презеде личната архива на г. Симон Дракул – историчар, писател, преведувач, директор на Македонскиот народен театар, научен советник во Институтот за национална историја, претседател на Друштвото на писатели на Македонија, добитник на наградите „Кирил Пејчиновиќ” и „Рациново признание”. Симон Дракул е автор на романи и збирки раскази и др.Фондот „Симон Дракул” го опфаќа периодот 1954-1999 година и содржи: лични документи, интервјуа, публикации, монодрами, романи, колумни и статии од дневниот печат и преписки; СЛОМ – книга на снимање од Живка Митровиќ по оригинално сценарио на Симон Дракул за Вардар филм, „Новогодишен фрагмент”, „Триптих на есента со девојка”, „Кажи му на каменот, сине”, „Двајца по долината”, „Горко лето”, „Настан можеби последен”, „Автономијата како општонароден македонски востанички идеал”, „Реч на свечената академија во Берово по повод 100-годишнината на ВМРО”, „Руските дипломатско-стратешки контроверзи околу македонското прашање во илинденските децении”, „Апостол војвода – Ениџевардарско сонце”, „Виулица”, „Суд”, „Смрта на конзулот”, „Сениште в село”, „Жедна месечина”, „Ахримандритот Анатолиј Зографски и неговите начинанија на полето на народната просвета”, „Преродба – општ поглед”.
Фондот „Симон Дракул” ќе се дополнува и во иднина. Освен фондот „Симон Дракул” во Државниот архив се чуваат и лични фондови од многу македонски повоени писатели.Фондот „Симон Дракул” го опфаќа периодот 1954-1999 година и содржи: лични документи, интервјуа, публикации, монодрами, романи, колумни и стат