Духот на Мајкл Џексон сведочеше за неговата смрт!

Судењето за убиството на кралот на поп музиката Мајкл Џексон доби неверојатен пресврт откако судијата реши да го прифати сведочењето на неговиот дух. 
Бренда Ричи поранешната сопруга на музичарот Лајонел РИчи тврди дека духот на Џексон и рекол дека докторот не е крив за неговата смрт туку дека самиот случајно се убил. 
Бренда Ричи тврди дека духот на Џексон лично и' се обратил. Ренди Филип, извршниот директор на компанијата АЕК Лајв, кој беше задолжен за турнејата на Џексон, во своето сведочење ја прераскажал разговорот што Бренда наводно го имала со духот.
„Бренда ме повика и ми рече дека стапила во контакт со Мајкл Џексон. Тој и' рекол дека се убил сам и дека Конрад Муреј не е виновен”, раскажал Филипс.
Судијата Ивет Палазуелос неговиот исказ го прифатила како валидно сведочење, а ги зела во предвид и наводните зборовите на духот на Џексон.
Приговорот на адвокатот на семејството Џексон е одбиен. Конрад Муреј веќе ја служи затворкската казна, а судењето треба да докаже при кои околности се случила смртта на Џексон и дали е и некој друг виновен.
 Судењето за убиството на кралот на поп музиката Мајкл Џексон доби неверојатен пресврт откако судијата реши да го прифа

Пронајдете не на следниве мрежи: