Духовни пораки за среќен живот: Внимавајте што посакувате бидејќи…

„Посакувајте желби, сакајте се себе си, живејте го секој момент“ – се дел од духовните индиски пораки кои може да ви го олеснат животот.Живејте во сегашниот момент, не на друго место
Бидете онаму каде што ви е убаво, но немојте да брзате. Ако чувствувате дека треба да бидете на друго место – тогаш тргнете онаму каде што ве води внатрешниот глас. Но, не заборавајте дека треба да бидете присутни во сегашноста, не во иднината или минатото.
Дозволете им на нештата да бидат онакви какви што се
Не се обидувајте да ги контролирате другите луѓе и настани. Не планирајте, не очекувајте, не посакувајте. Опуштете се! Научете да застанете и да направите пауза – пауза во која ништо не се случува.
Делете ја слободата
Дајте си слобода да бидете тоа што навистина сте и истото дозволете им го на другите, дури и на оние што се различни од вас. Запомнете, секој оди по својот пат и учи свои лекции. Ако вашите патишта се пресечат, одлично, ако се оддалечат, повторно одлично. Сечиј пат е својствен само за личноста која оди по него, и тој секогаш води кон вистинската дестинација.
Не плашете се
Никогаш и од ништо! Менувајте го начинот на кој ги правите секојдневните нешта. Ако почувствувате дека морате нешто да кажете или направите – сторете го тоа и не грижете се за изговорите од типот „Немам време“, „Немам пари“ или најчестиот „Нема да успеам“! Изберете живот без страв!
Помалку е повеќе
Не се обидувајте да имате сè одеднаш. За некои работи е потребно време и трпение, па бидете упорни, не се откажувајте и ќе ги постигнете своите цели. Кога нешто ви недостасува, тоа ќе го најде патот до вас – само бидете отворени и борете се!
Бидете како водата
Се сеќавате на принципот за морскиот бран? Бранот доаѓа и си оди. Овој принцип важи за сè во животот, започнувајќи од состојби, чувства, луѓе, предмети… Ништо не е статично. Ние живееме во свет што се движи. Зошто да се задржувате на едно нешто, кога и тоа ќе се промени? Ништо не можете да задржите, затоа и не се обидувајте да го сторите тоа! Едноставно бидете благодарни додека трае и потоа продолжете понатаму…
Слушајте го внатрешниот глас
Слушајте ги советите на другите луѓе, но исто така не го игнорирајте ни вашиот глас. Секој знае што е најдобро за себе, но не постојат универзални совети, па ако нешто е добро за некого, не мора да значи дека истото ќе важи и за вас. Слушајте ги советите, имајте ги на ум гледиштата на другите луѓе, но секогаш постапувајте според вашиот инстинкт.
Сакајте се себеси
Почитувајте ги своите желби, соништа, тело… И знајте дека вие можете да имате сè! Потребно е навистина да го посакувате тоа и да не се откажувате сè додека не го остварите. Ништо не е невозможно и никогаш не го заборавајте тоа!
Посакувајте желби
Но, бидете внимателни што посакувате, бидејќи постојат големи шанси тоа да се оствари. Бидете многу јасни кога ги составувате вашите желби и бидете свесни за промените што ќе ги донесе нивното остварување.

Пронајдете не на следниве мрежи: