Бомбата му ја дадов на Иванов, но фитилот е кај мене. Овој став на лидерот на ДУИ Али Ахмети ја одразува моментната ситуација и кој е клучниот играч во трката на лидерот на СДСМ да обезбеди парламентарно мнозинство за да го добие мандатот од претседателот на државата Ѓорге Иванов за да формира влада. Неизвесно е кога ДУИ ќе пресече и ќе донесе одлука, но тоа што е извесно е дека Ахмети нема да му даде бланко-поддршка на Заев за парламентарно мнозинство за мандат, туку дека одлуката што ќе ја донесе ДУИ за која било од петте опции ќе биде една, пишува Дневник.Ова значи дека ако Ахмети пресече да го поддржи Заев, тоа ќе биде и одлука за владина коалиција.
СДСМ веќе доби јавна поддршка од Движењето Беса и од Алијансата за Албанците дека нивните пратеници ќе се потпишат за Заев да обезбеди доказ пред шефот на државата за парламентарно мнозинство од 61 пратеник, за да го земе мандатот од Иванов. Но и од двете партии велат дека тоа не значи дека ќе прават влада со СДСМ, туку дека новата влада ќе зависи од исполнувањето на нивните програми и на албанската платформа.
Извори од СДСМ за Дневник велат дека тие ги поканиле сите парламентарни партии на Албанците, нивните пратеници да се потпишат, за Заев да му приложи на Иванов доказ дека има 61 пратеник и со тоа формално да го добие мандатот. Од она што се дознава, СДСМ остварила контакти со ДУИ, Беса и со Алијансата за Албанците, но немаат никаков контакт ни абер како ќе одигра лидерот на ДПА во оставка, Мендух Тачи.
И од СДСМ потврдуваат дека Беса со своите пет пратеници и Алијансата со тројца пратеници се согласиле на поддршка на СДСМ за нов мандатар да биде Заев. Од партијата на Заев велат дека веруваат оти ќе успеат да обезбедат поддршка. И од таму потврдуваат дека сега им е битно да обезбедат парламентарно мнозинство, но оти тоа де факто не значи и дека со партиите на Албанците ќе се договорат за влада.
– Важно е да го добиеме мандатот. Потоа со партиите на Албанците ќе видиме дали ќе се најдеме за да формираме влада. Може тие нема да се согласат, може за нас нема да бидат прифатливи некои од нивните услови. Битно е Заев да го земе мандатот. Ако не успееме да се усогласиме со албанскиот блок, може и за три дена Заев да го врати мандатот – вели за Дневник висок функционер на СДСМ и додава дека не очекува ДУИ брзо да донесе одлука.
Портпаролот на Беса, Орхан Муртезани, повтори дека ќе го поддржат СДСМ да обезбеди мнозинство за да го добие мандатот.
– Ќе ги дадеме нашите потписи за СДСМ да формира парламентарно мнозинство. За влада допрва ќе преговараме. Нашите услови за влада се во неа да нема инкриминирани лица во процесите на СЈО и на „Маѓар телеком“, да почне дебата за редефинирање на државата и договорот за влада да биде транспарентен и со прецизни рокови – вели Муртезани.
Заев има поддршка за парламентарно мнозинство и од Алијансата на Села.
Според ова, речиси е извесно дека ќе се изјалови стратегијата на СДСМ прво да обезбеди поддршка за парламентарно мнозинство, а потоа да почнат преговорите за нова влада, бидејќи Ахмети не игра на таа карта.
Од ДУИ велат дека нема логика да дадат поддршка за мнозинство и откако Заев ќе го земе мандатот да почнат преговори за влада. За нив, велат, е побитна содржината од формата, односно побитно е дали со СДСМ ќе се усогласат зад заедничка владина програма. Во спротивно, нема логика да поддржат формирање парламентарно мнозинство ако тоа не се ефектуира во избор на нова влада.
Дека ДУИ не игра на картата прво мнозинство, потоа влада, официјално за Дневник потврди и партискиот портпарол Бујар Османи.
– За ДУИ с` уште сите пет опции се на маса и со тоа сите се можни. Kонсултациите продолжуваат. Заинтересирани сме да се најде што побрзо решение за стабилна политичка влада, која ќе ја извади земјата од оваа долга политичка криза.
На прашање дали ДУИ ќе му даде поддршка на СДСМ за парламентарно мнозинство и потоа да седне на преговори за влада, Османи вели:
– Тоа ќе биде една одлука ако се донесе за која било од петте опции.
Според ваквата позиција на ДУИ, Заев освен поддршка за парламентарно мнозинство ќе треба паралелно да почне да води суштински преговори со албанскиот блок за формирање влада. Ова значи дека Заев без да се изјасни дали ја прифаќа албанската платформа не ќе може да се надева ни да го земе мандатот од Иванов.
Според резултатите од изборите, СДСМ има 49 пратеници и за да обезбеди мнозинство ќе му треба поддршка од речиси сите партии на Албанците. ДУИ има 10 пратеници, Беса пет, Алијансата три и ДПА двајца пратеници.
Од партијата на Никола Груевски повторија дека ВМРО-ДПМНЕ како победник на изборите ќе вложи максимални напори за да се почитува волјата на мнозинството гласачи што ја дале подршката за програмата на Kоалицијата „За подобра Македонија“.
– Сепак, ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека одржувањето нови избори е најдоброто решение во насока на надминување на кризата и враќање на реформските приоритети во прв план – велат од Центарот за информации на ВМРО-ДПМНЕ.Ова значи дека ако Ахмети пресече да го поддржи Заев, тоа ќе биде и одлука за владина коалиција.
СДСМ веќе доби јавна поддршка од Движењето