Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ги добил писмените материјали што јавно ги побара од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, потврдија за „Дневник“ од СДСМ, но не се откриваат детали дали понудениот пишан документ за заедничка владина платформа ги задоволува барањата на интегративците. Од ДУИ потврдија само дека добиле предлог за албанскиот јазик, но не одговараат дали социјалдемократите им доставиле предлози и за другите барања од нивната и од платформата на албанските партии потпишана во Тирана.Откако Ахмети јавно порача дека Заев нема да добие пратенички потписи за мандат без договор за влада, од СДСМ истакнуваат дека документот е на маса пред Ахмети, но и оти очекуваат највисокиот партиски орган на ДУИ сепак првин да решава за потписите за мандатар.
– Еден е материјалот за преговори за состав на влада и доставен е до ДУИ. Се разговара за нашите и за нивните програмски определби и дали може двете програми да се усогласат на ниво на владина програма. Не би го прогнозирале рокот за евентуален договор. Но, очекуваме ДУИ што поскоро да се изјасни бидејќи, освен со ДУИ, потребни се усогласувања уште со две партии – вели висок функционер на СДСМ.
Социјалдемократите не прецизираат дали и на кое ниво имаат средби со Беса и со „Алијансата за Албанците“, само велат дека се во постојана комуникација. Ни од ДУИ не откриваат детали како се одвиваат преговорите со тимот на СДСМ.
– Преговараме, сe уште нема краен резултат за да потврдиме дали е можен договор за влада или не. Преговорите со СДСМ се за истите наши барања и ни помалку ни повеќе како што беа и во преговорите со ВМРО-ДПМНЕ. На маса се официјализирањето на албанскиот јазик, продолжување на мандатот на СЈО, ЕУ и НАТО – вели висок функционер од ДУИ.
Поради различните брифинзи од СДСМ и од ДУИ за тоа што е на маса и за што се преговара, нејасно е дали Заев му испратил на Ахмети еден вид гаранција со приоритети на новата влада или како што претходно побара и очекува лидерот на ДУИ – априори согласност на СДСМ за албанската и за изборната платформа на ДУИ.
Шефот на кабинетот на Ахмети, Артан Груби, веќе појасни дека материјалите што ги бара ДУИ од СДСМ се однесуваат на хармонизација на политичките ставови за извештајот на Прибе, СЈО, Охридскиот договор, албанскиот јазик и многу други прашања што ќе треба новата влада да ги застапува во наредниот период. ДУИ ќе инсистира и на хармонизација на платформите на двете партии, поделбата на ресорите, како и роковник за договореното да се спроведе.
Извори од ДУИ истакнуваат дека сe што е во партиската и во албанската платформа ќе биде тема на преговори, како што се промена на државните симболи, економската еднаквост, усвојување на резолуција во Собранието со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот 1912-1956, формирање министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, вклучување на Албанците во работните групи за директни преговори со Грција и со Бугарија.
Потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејта, и учесник во преговорите за влада со СДСМ, вчера по средбата со францускиот амбасадор изјави дека формирањето влада е неопходно да се случи што поскоро и таа треба да биде прифатлива за мнозинството граѓани.
– Правдата, слободата и рамноправноста така ќе дојдат на свое место и ќе се зацврсти демократијата. Граѓаните очекуваат што поскоро земјата да излезе од кризата и да се формира влада што ќе биде прифатлива за мнозинството граѓани – рече Бејта.
Наспроти оптимизмот на Бејта за брзо формирање влада, неговиот лидер Ахмети по средба со истиот амбасадор повтори дека на ДУИ не ~ се брза со одлуката за влада.
– Одлуката на ДУИ треба да создаде стабилност, безбедност, издржливост, како и да биде во партнерство со меѓународната заедница бидејќи имаме заеднички интереси и цели – интеграција на земјата во НАТО и ЕУ – велат од кабинетот на Ахмети.
Од Мала Речица додаваат дека Ахмети го запознал францускиот амбасадор со тоа дека не се брзаат, како и тоа дека високо на агендата ги ставаат за нив спорните судски случаи „Монструм“, „Сопот“, „Kуманово“ и прислушувањата за кои во преговорите за влада бараат гаранции за нивно преиспитување.
Меџити: Јас сум против коалиција со ВМРО-ДПМНЕ
И покрај јавните негирања на ДУИ дека во партијата има поделба на крило кое преферира влада со ВМРО-ДПМНЕ и крило поблиско до СДСМ, вчера партискиот потпретседател и преговарач за влада со СДСМ, Изет Меџити, и јавно потврди дека е против влада со ВМРО-ДПМНЕ.
– Не бев и не сум дел од тимот на ДУИ кој преговара за формирање нова влада со ВМРО-ДПМНЕ. Јас и двата заменика, Теута Арифи и Невзат Бејта, сме задолжени од раководството на ДУИ да преговараме за формирање влада со СДСМ.<BR><BR>Секогаш сум бил поддржувач на идејата дека внатрешните партиски дебати не треба да се пренесуваат преку медиумите и преку нарачани текстови со анонимни извори.<BR><BR>Но, сакам да ја информирам јавноста дека сум против Никола Груевски и против коалиција со ВМРО-ДПМНЕ – напиша Меџити на „Фејсбук“.Откако Ахмети јавно порача дека Заев нема да добие пратенички потписи за мандат без договор за влада, од СДСМ истакнуваат дека документот е на маса