Талат Џафери, Рафиз Алити, Имер Алиу, Горан Сугарески и Петре Шилегов заеднички го обвинија Влатко Ѓорчев поради критиките кон Косоварот Албин Курти и неговата поддршка за Шарената револуција. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ застанаа во негова одбрана.Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ја продолжи расправата за Извештајот за активностите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за периодот од 15 март до 15 септември годинава.
Денешната седница на Комисијата започна со забелешки на координаторот на ДУИ Талат Џафери и други пратеници од оваа пратеничка група за петочниот говор на претседателот на Комисијата Влатко Ѓорчев. Како што оценија, тој во петокот во продолжението на седницата одржал „политички говор со националистичка реторика со кој покажал голема омраза кон Албанците“.
Исто така, забелешки за претседавањето со Комисијата до Ѓорчев изнесоа и пратениците од СДСМ Петре Шилегов и Горан Сугаревски го обвини Ѓорчев дека бил директно виновен за тоа што се случувало овие три дена на седницата на Комисијата.
Ѓорчев посочи дека нема дилеми за добрососедските односи со Косово, но посочи дека пратеникот Курти не делувал конструктивно и не може да се согласи што истиот пратеник учествувал во „вандализирање на институциите во Македонија“. Ѓорчев додаде дека секој којшто побарал процедурална забелешка, го добил тоа право, но оти многумина тоа го злоупотребиле со политички говори.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ застанаа во негова одбрана.Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ја продолжи расправата за Извештајот за активностите на Специјалното јав