„Дуинг бизнис“ ги потврди исправните економски политики на ВМРО- ДПМНЕ: Македонија 5-та во Европа и 11-та во светот во новиот Извештај

Македонија е рангирана на 11-то место во најновиот извештај на „Дуинг бизнис“. Подготовките и собирањето на информации за изработка на Извештајот за водење бизнис за 2018-та година започнаа во Ноември 2016-та и завршија во Мај 2017-та кога беа предадени последните документи со нови или подобрени реформи од страна на државните институции.Во новиот извештај Македонија е рангирана на 11-та позиција во светот од вкупно 190 рангирани економии, со вкупно 81.18 бодови. Во претходниот извештај Македонија беше рангирана на 10-та позиција со вкупно 81.74 поени. Во новиот извештај Македонија останува на 5-то место во Европа, веднаш позади Данска, Обединето Кралств, Норвешк и Шведска.

Во топ 20-те држави на новиот Извештај има 18 високо развиени економии кои се едни од најнапредните држави во светот и 2 (две) средно развиени држави, тоа се Грузија и Македонија. Овој резултат ги потврдува реформите и политиките кои владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги спроведе во периодот од 2006-та до 2017-та година.
Истите тие политики ја позиционираа Македонија од 92-ро место во Извештајот за водење бизнис за 2007-ма година кој излезе во Октомври 2006-та година, на 11-то место во овогодинешниот најнов Извештај за водење бизнис за 2018та. Малку се држави во светот кои успеале да направат таков успех. Македонија во неколку извештаи од Светска Банка беше нарекувана и топ реформатор. Потребно е новата влада да продолжи со стимулативно-активните мерки кои ги поедноставуваат, поевтинуваат и забрзуваат процедурите, и промовираат стабилна бизнис околина со ниски даноци.
Македонија вложи голем напор да остане во топ 20-те земји на ранг листата на извештајот. Во период на политичка нестабилност Македонија иаку со делумично блокирани институции сепак успеа да ги промовира реформите кои позитивно делуваат на бизнис секторот. Во изминативе 12 месеци, Македонија стави акцент на подобрување на веќе донесените реформи и нивно унапредување. Политичката нестабилност сепак делуваше на рангирањето на Македонија. Проценките велат дека доколку имавме година на просперитет и стимулативно-активни мерки во економијата, рангирањето за Македонија ќе беше подобро од претходната година.
Целокупниот извештај и одличното рангирање на Македонија ги потврдија успешноста и одржливоста на досегашните реформи и политики, па и во политички нестабилна околина. Со овој извештај се докажува дека македонската економија и воопшто бизнис секторот се поставени на здрави и стабилни фундаменти. Потребно е истите тие фундаменти да се одржуваат здрави и стабилни и во иднина.Во новиот извештај Македонија е рангирана на 11-та позиција во светот од вкупно 190 рангирани економии, со вкупно 81.18 бодови. Во претходниот изве

Пронајдете не на следниве мрежи: