Дупка со пречник од 100 метри „ГОЛТНА“ пола плажа. Капачите бегале!

Дупка со ширина од стотина метри ненадејно се отвори во популарен камп на австралискиот брег и голтна неколку автомобили и камп-куќи.Дупката на плажата „Виножито“ во Квинсленд почнала да се отвора околу полноќ. Песокот пропаѓал неколку метри во длабочина и исчезнувал во морето.
Една жена почнала да вика во кампот преполн со луѓе и ги повикувала да излезат од шаторите и камп-куќите, пренесе телевизијата Еј-Би-Си.
Автомобил, караван и кампер за само неколку секунди пропаднале во дупка длабока три и широка стотина метри.
Полицијата вели дека повеќе од 140 луѓе избегале од кампот пред инцидентот.
Плажата е сметена 240 километри северно од Бризбејн и е популарно место за летување, а слична дупка се појави и во 2011 година.
Погледнете го видеото:Дупката на плажата „Виножито“ во Квинсленд почнала да се отвора околу полноќ. Песокот пропаѓал неколку метри во длабочина и исчезнувал

Пронајдете не на следниве мрежи: