Дупката во Флорида не е единствената која голта згради и луѓе

На полицијата на Флорида и исчезнува надежта дека ќе го пронајде жив Џеф Буш, кој пропадна во кратерот кој се отвори во предградието Тампа.Вакви случаи во светот имало доста, а сега стануваат се поприсутни и во медиумите.

Една од најстрашните дупки досега била во Гватемала, каде што властите тврдат дека дупката е последица на поројните дождови предизвикани од ураганот Агата во 2010 година. Тогаш во Гватемала пропаднала цела трикатница и загинале 15 луѓе.

 
Во август минатата година во Тајван на безбедносните каамери било снимено како во дел од секунда земјата се отворила под еден човек и спасувачките екипи успеале да го извлечат, но тој подоцна им подлегнал на повредите.
Истиот месец во Ајдахо, Америка загинала Соња Лопез кога паднала со својот автомобил во дупка која што се отворила пред неа на автопатот.
Во јули 2011, во Јута загинало 15-годишно девојче кое паднало во дупка на автопатот, која била последица на поројните дождови.
Но, не сите дупки биле трагични за човечките животи. Во кинесскиот град Гвангџу минатата година во огромна дупка пропаднала нова зграда која сеуште не била населена, а се наоѓала во близина на нова метро станица.
Извор: mkd.mkНа полицијата на Флорида и исчезнува надежта дека ќе го пронајде жив Џеф Буш

Пронајдете не на следниве мрежи: