Durex: 10 филмови кои кои ќе го кренат сексуланото расположение

Од спортски – до холивудски класици, светскиот бренд Durex ви ги открива најсекси филмовите на сите времиња. Сакате да воведете малку сексулани зачини во вашата врска? Филмсаката ноќ не мора секогаш да подразбира брутални филмови за публика над 13 години, ако не разбирате. Некои филмови се создадени да поттикнат малку љубов и во вистинскиот живот. Потребни ви се неколку примери? Дозволете ни да ви предложиме 10 филмови кои гарантирано ќе ја разгорат страста меѓу вас. Да скратиме: веројатно нема ни да дознаете како завршуваат овие филмови.
Match Point
Сексуалната тензија помеѓу секогаш сензуалната Скарлет Јохансон и срцекршачот Џонтан Рис Мајерс (тие усни, тие очи…) е доволна за да направи да се фрлите вие и вашиот партнер под чаршав по само 15 минути гледање. Вуди Ален дефинитивно донел вистинска одлука, избирајќи ги овие двајца актери – како американска актерка во подем и тениски професионалец на кој е тешко да му се доближиш.
Unfaithful
Доколку не сте имале шанса да уживате во екранизираната хемија помеѓу прекрасната Дајан Лејн и Оливие Мартинез (да, тоа е згодниот на Хали Бери), тогаш мора да го направите тоа! Прежешките секс-сцени помеѓу овие двајца актери, зачинети со неверојатната привлечност која ја чувствуваат еден за друг, ќе ве принудат вас и вашиот партнер да останете без здив.

Secretary
Навлечени сте на 50 нијанси на сиво? Оваа приказна од 2002 година за доминантен човек и неговата потчинета секретарка е предвесник на познатиот феномен од книга – која е исто толку (ако не и повеќе) порнографска. Самобендисаниот и неверојатно секси Џејмс Спадер се нафрла на младата и навидум невина Меги Гиленхал во филм кој поставува вистинска рамнотежа помеѓу страста и несериозноста.
Y Tu Mama Tambien
Оваа мексиканска патувачка драма е толку секси, што надлежните имаа потешкотии за да му доделат рејтинг. Ставете ги овие двајца тотално жешки актери во комбинација (Гаел Гарсија Бернал е едниот) и главната актерка и вие практично имате рецепт за секс. Филмот беше номиниран и за оскар.
Titanic
Да, филмот е многу долг, но вреден е да се гледа – ви ветуваме. Кога ќе изгледате некој 3 ипол часовен секси филм како Титаник, вие не ќе можете да ги тргнете рацете еден од друг. Особено кога ќе сфатите колку е минлив секој момент. И никогаш нема да гледате на паркиран автомобил во вашата гаража на ист начин како порано.
Dirty Dancing
Овој филм можеби е најжешката предигра од сите наведени на листата. Како што сексуалната тензија помеѓу Џенифер Греј и Патрик Свејзи расте, така расте и вашата желба еден за друг. Можно е и дури да посакате да изведете валкан танц за вашиот партнер.

Bull Durham
Отстапете место госпоѓо Робинсон: Сузан Сарандон е тука да ве наследи.  Романсите кои се случуваат од мај до декември не можат да бидат посекси од оваа. Доминантна жена? Жешко. Безбол униформи? Пожешко. Одите дома на по една партија по завршувањето на филмот? Најжешко!
Casablanca
Кога станува збор за Холивудски класици, Казабланка секогаш ќе се наоѓа на врвот. Овој филм ги има сите карактеристики на една навистина романтична приказна: невозвратена љубов, егзотични странски локации и незаборавни цитати што ќе ги препознаете и да не сте го погледнале филмот. „Еве гледа во вас, дете.“
Mr. and Mrs. Smith
Следење на Џонсови? Повеќе како следење на Смитови. Или Џоли-Пит. Од возбудливи акцини сцени до возбудливо водење љубов, овој филм е полн со топлина (неверојатна игра на зборови). Ние не можеме да се сетиме на друг брачен пар кој не инспирирал да го искористиме секој сантиметар од нашите домови, како што тоа го прават Бред Пит и Анџелина Џоли.
Ghost
Кога некој филм може да го направи возбудливо учењето на грнчарскиот занает – тогаш тој филм мора да се најде на нашата листа. Можеби повеќе терапевти треба да им го препорачуваат овој филм на паровите кои треба да се поврзат, затоа што Деми Мур и Патрик Свејзи не убедија (а тој е полесниот дух).
 Одлична понуда за сите вас, вечерва пуштете си филмче и потоа нека вашата фантазија во живо работи се до зори со реквизитите на Durex. Ви посакуваме убава вечер. Филмсаката ноќ не мора секогаш да подразбира брутални филмови за публика над 13 години, ако не разбирате. Некои филмови се создадени да поттикнат м

Пронајдете не на следниве мрежи: