Одлично средство за решавања на низа здравствени проблеми, па и тешки медицински состојби… Откриено дека мешавината на мед и цимет лекува многу болести. Секако дека и докторите денес го прифаќаат медот како ефикасен лек за многу болести.Weekly World News даде листа на болести кои можат да се излечат со мед и цимет, во склад со истражувањата на западните експерти.
Артритис (воспаление на зглобовите)
Да се земе лажица мед во чаша со млака вода и да се додаде мала лажичка цимет, да се измеша и полека да се стави и масираат болните делови на телото. Забележано е дека болката се намалува во рок од една до две минути.
Или, лицата коишто страдаат од артритис можат наутро и навечер да земаат по една шолја топла вода со две лажички мед и една мала лажичка цимет.
Ако се пие редовно, дури и хроничниот артритис може да се излечи.
Во скорешно истражување на Унверзитетот во Копенхаген, откриено е дека докторите ги третирале своите пациенти со мешавина од една лажичка мед и пола лажичка цимет пред доручек. Во рок од 7 дена, од вкупно 200 третирани луѓе, 73 биле ослободени од болки, а во рок од еден месец скоро сите пациенти кои не можеле да одат или да се движат поради артритис, почнале да одат без проблем.
Срцеви болести
Направете смеса од мед и цимет и намачкајте на леб. Овој оброк може да го јадете секојдневно како појадок. Го намалува холестеролот во артериите и го спречува срцевиот удар. Редовната употреба го намалува губењето на воздухот и го зајакнува срцето. Комбинацијата на мед и цимет, исто така има ревитализирачко дејство врз крвните садови.
Помага кај рак на желудникот
Пациентите кои страдаат од овој тип на рак треба да јадат лажица мед помешана со лажица цимет во прав и тоа секојдневно, три месеци.
Холестерол
Треба да се помешаат две лажици мед и три лажици цимет во половина литар вода. Оваа смеса ќе ја намали количината на маснотии во крвта.
Инфекции на мочниот меур
Помешајте две лажици цимет и една лажица мед во млака вода и пијте неколку пати во неделата. Со тоа ќе ги уништите бактериите во мочниот меур.
Инфекции на кожата
Промешајте мед и цимет, смесата ставете ја на кожата која е зафатена од инфекцијата и држете ја околу 30 минути. Потоа исплакнете со топла вода.
Настинки
Оние кои патат од чести настинки треба еднаш дневно во текот на три дена да консумираат една лажица мед со 1/4 лажица цимет. На овој начин ќе се ослободите од кашлањето, постојаното кивање и болките во синусите.
Рецепт за долговечност
Верувајте дека секојдневното консумирање на мед и цимет може да го продолжи вашиот живот. Мешајте четири лажици мед, лажица цимет и три шолји вода, провријте ја течноста и консумирајте ја наместо утринско кафе. Вашата кожа ќе биде мека, свежа, но и ќе го одложите настанувањето на брчки.Weekly World News даде листа на болести кои можат да се излечат со мед и цимет, во склад со истражувањата на западните експерти.
Ар



