Дури и Путин ѝ јаде од рака: Оваа жена ја спаси Русија од колапс!

Банкарката Елвира Набиуљина е втората најмоќна жена во Русија, која им одолеа на сите притисоци и успеа да ја опорави националната валута. Велат дека не ѝ е проблем да го корегира Путин кога не е во право.Кога кон крајот на минатата година руската рубља почнала да варира и се нашла во слободен пад, многу луѓе биле подготвени да кажат дека санкциите за Русија, поради вмешаноста во украинската криза, даваат резултати и дека би можело да започне одбројувањето на деновите на Путин во Кремљ. Иако изгледало дека рускиот автомобил паѓа, овие денови пристигнала информација дека рубљата повеќе „не дише на апарати“ и полека ја враќа својата сила во однос на еврото и доларот.
Рубљата повторно е интересна за вложувачите и штедачите, а со оглед на растот на цената на нафтата, предвидениот колапс на руската економија, барем за сега, е сопрен.
Русија ја постигна целта
Сепак, Русија се радува бидејќи санкциите не ги дале резултатите кои Брисел и Вашингтон ги очекувале, за опоравувањето на рубљата најзаслужна е една од најблиските соработнички на Путин, и жена која е еден од главните носители на “Путиновата економска програма” – енергичната 52-годишна претседателка на Централната народна банка и претседателска помошничка за економски прашања, Елвира Набиуљина.
Таа одбила во резервите да се инјектираат средства за спас на рубљата. Чекала и калкулирала со други параметри.

Молодец! Глава Центробанка, Набиуллина Эльвира Сахипзадовна.. ФИО читайте медленно, а то выругаетесь с утра pic.twitter.com/yU18jV2nkX
— popsop_com (@popsop_com) April 14, 2015

Ризикот се исплател
Таквиот ризик се исплател, пазарот се стабилизирал, а рубљата почнала да се враќа на реалното ниво. Руските медиуми пишувале: „Дали Елвира Набиуљина е жената на која Русија ѝ го должи спасот?“. Таа е лидер меѓу економските експерти, а некои ја сметаат за сива еминенција или како дел од економскиот тим кој мора да смисли начин за Русија да не доживее колапс.
Полноќни возења
Набиуљина, една од најдобрите студентки на Економскиот факултет на Универзитетот во Москва, влегла во бизнисот во екот на најмрачниот период на Русија: распадот на СССР, кога економија била на рабoт на бездната и владеела политичка нестабилност. Во времето на доаѓањето на власт на Путин во 2000 година, работела во Центарот за стратешки одлуки, каде набрзо била забележана од еден пријател на Путин, Анатолиј Чубајш.
Таа не ја пропуштила шансата, па влегла во Министерството за економски развој, кое набрзо го преземала во кобната 2008 година, кога започнала рецесијата. Иако тогашниот министер за финансии ги собрал заслугите кога Русија се извлекла од кризата, на сите им било јасно дека Набиуљина била важна алка во процесот.
Московските медиуми пишуваат дека таа знае и да се скара со Путин, но и дека тој сега ѝ јаде од рака. Угледниот неделник Ogonjok ја прогласи за втора највлијателна жена во Русија, веднаш зад шефицата на Сенатот, Валентина Матвијенко. За нејзиниот приватен живот не се знае многу, освен дека е мажена и дека има син.
Кога кон крајот на минатата година руската рубља почнала да варира и се нашла во слободен пад, многу луѓе биле подготвени да кажат дека санкциите з

Пронајдете не на следниве мрежи: