Дури по смртта на ќерката, дознала за нејзината професија

Кога Ешли Вајт била убиена со рачно изработена бомба во Авганистан, нејзиното семејство немало идеја во каква опасност им била ќерката.Таа починала во ноќна мисија на 22 октомври 2011 година.
„Немавме поим  дека таа е рамо до рамо со ренџерите во ноќна мисија. Дознавме дури кога командантот ни кажа што работела таа“, рекла нејзината мајка, Дебора Вајт.
Вајт имала 24 години и била член на културолошки тим за поддршка. Тој тим го сочинуваат млади жени војници  кои тајно работат со специјалните единици во Авганистан.
„Таа не ни кажа ништо  за програмата. Мислевме дека таа се грижи за здравствено загрозените и болните деца. Не сакала да се грижиме“.
Ешли пред мисијата живеела во Северна Каролина со сопругот Стам и тогаш била на CST  програма.
Сeкогаш се јавувала дома да дознае како се родителите. Кога нејзиниот брат Џош зборувал со неа последниот пат, таа звучела  исплашено.
„Мислам дека ѝ било полошо отколку што претпоставувала“, вели Џош.
Во последниот разговор, Ешли се распрашувала за вообичаени работи. Неколку дена подоцна, додека мајката печела колачи, дознала дека ќерката ѝ е убиена.
„Мoжам и сега да ја видам сликата на нејзиниот татко како чекори  преку тревникот  и врти со главата. Го прашав дали е повредена а тој ми одговори: ‘Не е повредена, ја нема повеќе“, вели Дебора.

Таа додала дека секој ден живее со тоа, но дека мора да се прилагодите на таквите работи.
„Учите да се прилагодите, да ставите маска  и да одите на работа. Така ги преживувам деновите. Кога ќе легнам навечер обично плачам“.
Кога должноста завршила, седум жени од единицата на Ешли ги посетиле нејзините родители.
„Седнаа во дневната соба и кажаа  што се случувало таму. Таа скокнала од хеликоптерот со пушката во раце. Зборуваа како Ешли била најдобрата во качување на јаже и како им правела леб со цимет. Ја викале Мафин, затоа што  била тврда од надвор а од внатре мека како путер. Таму тие станале семејство“, вели Дебора.

Дебора додала дека ваквите приказни треба да се раскажуваат и дека би трогнале илјадници луѓе.
„Ешли остави трага, а ние ја изгубивме како ќерка“. Таа починала во ноќна мисија на 22 октомври 2011 година.
„Немавме поим  дека таа е рамо до рамо со ренџерите во ноќна мисија. До

Пронајдете не на следниве мрежи: