Паднаа во вода шпекулациите на опозициските медиуми. Игор Дурловски се појави на денешниот протестен марш на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и покрај тоа што медиумите блиски до СДСМ шпекулираа дека тој наводно се повлекол и оти веќе нема да протестира.Според Богдан Илиевски, Дурловски побарал малку повеќе време за себе за како што вели, од Македонската Опера и Балет да направи уште поуспешна институција од она што е.
– Тоа значи дека нема да го „тормозиме“ секој ден со нашите идеи и оперативни планови, ама Игор е тука!, истакна Илиевски.
Како што рече, на огромно разочарување на шверцерите, на окупаторите, и денеска не сме 150 души на улица.
-Се плашат од народот, својата ноќ не ја црпат од нардото. Но како што сме кажале и досега, тоа е само нивен проблем. Не е наш проблем што ја сакаме оваа држава. Сакаат да не разделат, сакаат да не разнебитат, се закануваат. Влечкаат и невини луѓе по испрашувања, по полиции и по судови, потенцира Илиевски.
Според него, нивните медиумски фабрики се обидуваат да искористат се што можат или да измислат се што не можат да искористат за да внесат раздор.Според Богдан Илиевски, Дурловски побарал малку повеќе време за себе за како што вели, од Македонската Опера и Балет да направи уште поуспешна инст