Дурловски: Можеби нивните калкулации би биле точни доколку се работеше за платена револуција

Некој можеби пресметал дека досега ќе се умориме, дека ќе опадне нашата енергија, дека ќе се намали бројноста на присутните. Можеби ќе опадне мотивацијата кај народот, но не сум сигурен дека знаат оти досега се увериле дека тука сме со чиста мисла и вистинска идеја. Можеби нивните калкулации би биле точни доколку се работеше за платена револуција.Ова на денешниот протестен марш на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Скопје го порача Игор Дурловски, член на иницијатива.
Тој порача и дека сите оние кои ја броеле масовноста на протестите погрешиле бидејќи како што вели, народот не се брои и оти тука конвенционалната математика ја губи својата смила.
Според Дурловски, народот кој секојдневно е на улиците низ Македонија е како мора и како пламен.
-Толку жежок е тој пламен што нежните раце на оние кои преговараат за судбината на еден народ на тркалезни маси ќе изгорат. Таквиот пламен не смеете да го потценувате и маргинализирате, посочи Дурловски.Ова на денешниот протестен марш на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Скопје го порача Игор Дурловски, член на инициј

Пронајдете не на следниве мрежи: