Меѓупартиската и меѓуетничката поделеност е страшна. Повикувам на заедништо и помирување зашто сите ние би требало да се бориме за една цел, вели оперскиот пејач и еден од организаторите на протестите „За заедничка Македонија“, Игор Дурловски и појаснува дека во моментов најважно е да ја сочуваме државата онаква каква што е, а понатаму сите заедно да го моделираме општетството.Дурловски додава дека очигледен е јазот меѓу народот, а тоа е видливо и кај неговите пријатели и познаници откако се приклучил кон протестите.
-До пред 40 дена никогаш немав заземано политички став. Се трудев да бидам изолиран од политика затоа што не се чувствував комотен да разговарам на таа тема, меѓутоа по оваа ситуација почувствував дека луѓето кои не се согласуваат со мене имаат поинаков настап кон мене. Верувам дека таа поделеност по меѓупартиска и меѓуетничка основа е страшна и повикувам на помирување, рече Дурловски.
Говорејќи за протестите тој опиша како се чувствувал првите денови, а како сега и зошто секојднево е таму.
-Првите денови бев исплашен, од причина што не бев сигурен дали моето чувство го имаат и моите сограѓани, но од ден на ден бројноста се зголемуваше и поддршката растеше. Тврдам дека по првата недела, луѓето кои доаѓаат – доаѓаат среќни и си заминуваат радосни зашто јасно застанале против нешто што е потпишано и составено во странска држава, поддржано од странски премиер, нешто што во секоја друга држава би било осудено, изјави Дурловски.Дурловски додава дека очигледен е јазот меѓу народот, а тоа е видливо и кај неговите пријатели и познаници откако се приклучил кон протестите.