Yes, this is a student dormitory, and yes, there are 1200+ students living in it as we speak – за жал, за најжал!Е навистина душа ме боли. На мал милион македонски сајтови се појавија сликите од студентскиот дом Гоце Делчев, ама тоа не е болното. Не е тоа страшно, оти колку толку, ние тука во државичкава си знаеме што и колку вреди, а за тие што не знаат добро е да се запознаат, ама тука, во рамките на државичката. Јас сум живеел во тој дом и не е лага, така е, баш како на сликите. На сликите не може да се претстави дека е слабо парното и дека топлата вода знае да биде и луксуз, па во јануари мора по другите блокови да си го бараш чарето за хигиена, еве јас ќе ви кажам дека е така, ако некоја друга “жртва” пред мене не стигнала да ви каже. Навистина треба да се притиска за реконструкција на домот, и треба сите да знаат како им е на студентите во него, а и на родителите на тие студенти, оти тие сакаат, ама не можат на своите деца да им овозможат трособен стан во Центар, со нов мебел и клима уред.
Како што во рамките на едно семејство, остануваат проблемите на тоа семејство, така и маките што си ги имаме во државичкава, треба да си останат меѓу нас. Ама проклет да е неартикулираниов сајбер простор на кој ова го пишувам во моментов. Поголема, посилна, поуверлива антимакедонска реклама од оваа не можеше да излезе. “Yes, this is a student dormitory, and yes, there are 1200+ students living in it as we speak”, е ова е насловот на, мислам американскиот портал imgur.com. Кликнете, кликнете на насловот и погледнете, ако случајно до сега на ви се појавило на почетна. Гледате колку сме познати. Е оти преку океанот мајтап си прават со нас, е за тоа душа ме боли. Па и под секоја слика си има опис, опис на место. Оти цел свет ќе знае, е за тоа душа ме боли. И додека живеев во тој дом душа ме болеше, ама сега повеќе ме боли.
Јасно дека многу од вас ве боли за ова, оти вие секако не мислите да останете во државава. Да, многу од вас така мислат, ама кога ќе отидете по тоа Америките да работите и кога ќе му кажете дека сте од Македонија, ќе им биде шубе да се дружат со вас, да не имате некоја болест, оти таква слика сме оставиле. Уживаме во антимакедонските реклами, е за тоа душа ме боли. Јас сум живеел во тој дом, а и многу други кои ги познавам сеуште живеат во него и се луѓе на место, ама сега светот ќе не стави во класата со средноафриканските земји. Епа и вас треба душа да ве боли!
Г. АнгелескиЕ навистина душа ме боли. На мал милион македонски сајтови се појавија сликите од студентскиот дом Гоце Делчев, ама тоа не е болното. Не е тоа стра