Директен пренос на балетски спектаклиЗа прв пат, оваа сезона, киното Cineplexx во Скопје (Сити Мол) во своите модерни сали и на своето големо платно ќе биде домаќин на Бољшој балетот!
Посетителите и љубителите на балетските спектакли ги очекуваат вкупно пет извонредни балети, од кои дури четири се потполно нови продукции. Станува збор за најспектаклуларните, најбогатите и најразличните балетски претстави во кино!
Во следниве неколку месеци во Cineplexx ќе се прикажат „Спартакус“ (20 октомври, 17:00 часот), верзијата на Јуриј Григорович со своја спектакуларна кореографија и сценографија која повеќето критичари ја прогласија за ремек-дело. Покрај „Спартакус“, директен пренос ќе имаат и
„Бесценети камења“ – кореографијата на балетот настанала во 1967 година во Њујорк (19 јануари 2014), „Загубени илузии“ – нов балет базиран на истоимениот роман на францускиот писател Оноре де Балзак (02 февруари 2014) и „Златно доба“ – духовита сатира, оригинален и восхитувачки балет со џез и кабаретска музика (30 март 2014).
Како дел од оваа Бољшој сезона ќе биде прикажана и снимка на „Пират“ – возбудлива егзотична приказна со еднакво драматични сцени и рекорден број на танчери (17 ноември 2013).
Откако Бољшој балетот оствари огромен успех со своите преноси во живо во кината низ светот каде што сите проекции во потполност беа распродадени, балетаните на рускиот театар се
враќаат повторно на големото платно. Театарот Бољшој минатата сезона беше прикажан во 30 земји низ светот. Оваа сезона балетските преноси ќе бидат достапни во преку 500 кина ширум светот, а гледачите ќе имаат можноста да ги проследат најпрестижните балетски претстави на денешницата.
Извонредната режија дозволува прикажување на балетот во крупен план преку импресивни аудио- визуелни ефекти кои ги пренесуваат дури 10 камери со висока резолуција.
Повеќе информации за Бољшој сезоната: https://opera.cineplexx.mk/opera.aspxЗа прв пат, оваа сезона, киното Cineplexx во Скопје (Сити Мол) во своите модерни сали и на своето големо платно ќе бид