Два ипол милиони евра за настраданите во поплавите, еве каде да се пријавите за исплата на авансна помош

Граѓаните од поплавените подрачја да се изјаснат во МФ за банката во која сакаат да им биде исплатена авансната помош. Од Министерството  ги повикуваат сите лица од скопскиот и тетовскиот регион  што биле евидентирани од Комисијата за проценка на штети, да се јават на контакт телефоните кои се достапни и во текот на викендот.Пријавувањето започна денеска, а на телефонските броеви 02/3255-578, 02/3255-586, 02/3255-743 и 02/3255-742 граѓаните можат да се јават и утре во период од 9 до 17:30 часот и во понеделник од 8:30 до 19 часот.
Исплатата на 30.000 денари како авансно обештетување ќе се врши во готово на шалтерите на онаа деловна банка за која граѓаните сами ќе се одлучат, само со доставување  на документ за идентификација односно лична карта или патна исправа.
Иако првично беа планирани милион ипол евра, Владата донесе одлука да ги зголеми средствата за авансно плаќање на 2 и пол милиони евра. Премиерот Димитриев вчера информираше дека досега обработени се податоците за околу 2000 семејства на кои се очекува парите да им легнат на сметка во најкус можен рок. Владата до Собранието предложила и ребаланс на буџетот со што ќе се обезбедат средства за целосно обештетување на граѓаните.
– Сукцесивно како ќе бидат проценувани и обработувани податоците, очекувам до вторник да бидат исплатени авансно сите семејства со по 30 илјади денари, рече премиерот Димитриев.
Во невремето кое пред две недели го зафати Скопје беа погодени околу 5000 семејства. Државата сите стопроцентно ќе ги обештети.
Усвоени се и мерките за бесплатно здравство до крајот на годината, како и зголемување на социјалната помош за најранливите категории. Ќе бидат целосно обештетени и сите земјоделци на кои невремето им го уништи родот и земјоделските површини.Пријавувањето започна денеска, а на телефонските броеви 02/3255-578, 02/3255-586, 02/3255-743 и 02/3255-742 граѓаните можат да се јават и утре во п

Пронајдете не на следниве мрежи: