Дваесет години подоцна, фан најде клучна грешка во приказната на цртан филм на Дизни

Сите ние ја обожувавме сирената Малата Сирена како мали. Приказната на Ариел ни е добро позната на сите. Но, еве нешто што не можевте ни да го замислите.Прекрасната црвенокоса сирена Ариел се вљуби во човек, па во очај се договори со лошата вештерка Урсула да се одрече од својот глас за да ја замени перката за човечки нозе. Остатокот од приказната сите го знаеме. За оние кои не го гледале цртаниот филм, ќе ви кажеме само дека си живееја среќно до крајот на животот.
Она што фановите не го забележаа тогаш, 25 години подоцна и „светна“ на Мери Фолс, која го напишала откритието на својот профил на Фејсбук.
„Ариел можеше да се спаси од неволјите едноставно ако му напишеше на принцот за што се работи. Ако намерата била да мислиме дека е неписмена, бидејќи е сирена, тоа се порекнува со фактот дека кога го склопува договорот со лошата вештерка таа се потпишува. Дури и ако ја земеме во предвид идејата дека таа не сака да му каже на принцот дека е принцеза-сирена заради скромност, сепак и тоа се порекнува бидејќи таа цело време се обидува да му објасни со знаците на пантомимата“.
Можеби и не треба да претеруваме со теориите со оглед на фактот дека тоа е само цртан филм, но главното нешто што ги разлути фановите е тоа што ликот на Ариел се покажа како спротивен на ликовите што денес Дизни се труди да ги промовира и се во духот на денешното време, силни, независни и обични жени со мани, за разлика од совршените и недостижни принцези од порано.Прекрасната црвенокоса сирена Ариел се вљуби во човек, па во очај се договори со лошата вештерка Урсула да се одрече од својот глас за да ја замени

Пронајдете не на следниве мрежи: