Млада жена на возраст од 20 години, која е веќе мајка на три деца, се породи со шесторка во Мексико, соопштија медицински извори, додавајќи дека мајката и децата се добро.
„Децата се родени во четвртокот и се целосно здрави, како и мајката Салуд Ромеро“, изјави Патрициа Мора, сопруга на гувернерот на државата Мичоакан и почесна претседателка на локалниот Систем за интергиран развој и семејство (DIF). „Пред породувањето младата жена ни се обрати за помош за пелени и млеко и ни се довери дека ќе роди чест деца, четири момчиња и две девојчиња“, изјави Мора. Салуд Ромеро, домаќинка и нејзиниот сопруг Јошио Салинас, ѕидар, веќе се родители на две девојчиња и едно момченце.
макфаксМлада жена на возраст од 20 години, која е веќе мајка на три деца, се породи со шесторка во Мексико, соопштија медицин