Дваесет и шест кривични пријави против 27 физички лица од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени 27 кривични дела од кои 25 дела „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“ и по едно дело „пустошење шума“ и „кражба“ поднел Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал во мај годинава во рамките на ОА Гора.Како што соопшти денеска МВР, во случаите во кои се поднесени кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“, 25-те пријавени лица, на возраст од 23 до 58 години, се јавуваат во улога на возачи на товарни моторни возила кои за сметка на правни лица во голем број наврати вршеле јавен превоз на стоки-дрвни сортименти, од местото на сеча до складишта без да поседуваат лиценца за вршење на јавен превоз на стоки во внатрешниот патен сообраќај издадена од Министерството за транспорт и врски на Република Македонија.
Против 39-годишно лице од Скопје поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење шума“ и „кражба“ и против 25-годишно лице, исто така од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.
Кривичното дело „пустошење шума“ првопријавениот го сторил во м.в Дол, Општина Петровец, каде што со рачна моторна пила соборил повеќе стебла даб во количество од 1,40 м3 огревно дрво. При обид да биде легитимиран од страна на полициски службеници од ЕПОИ АЛФА пријавениот избегал. На местото на настанот биле пронајдени трактор „553 ИМТ“ со приклучна приколка, исечени дабови дрва, рачнa моторна пила и други предмети. По завршеното вештачење со пријавениот извршен е службен разговор во полициска станица, за настанот известена е Шумска полиција и им се предадени Трактор ИМТ 553 црвена боја, импровизирана приколка и огревно дрво даб во количина од 1,40 м3. Со кривичното дело првопријавениот го оштетил Буџетот на РМ за 9.800 денари.
Второто кривично дело „кражба“ двајцата пријавени го сториле со бесправна сеча од туѓа шума каде што исекле повеќе дабови стебла во вкупна количина од 5,20 м3, кои потоа ги транспортирале и пренеле до земјениот пат од село Кожле кон село Блаце, со намера украдената дрвна маса да ја превезат до село Петровец-Скопје за натамошна препродажба.
При тоа на 28 април годинава, пријавените дел од бесправно исечените дрва во количина од 1,70 м3 ги натовариле на рачно направена товарна приколка влечена од трактор, но, биле забележани и лишени од слобода од страна на полициски службеници од ЕПОИ АЛФА.
При контрола од страна на полициски службеници и службеници од Шумска полициска било утврдено дека со тракторот со приколка превезуваат 1,7 м3 огревно дрво, а во непосредна близина биле пронајдени наредени исечени огревни дрва во количина од 3,5 м3 претходно бесправно исечени дрва од туѓа шума.Како што соопшти денеска МВР, во случаите во кои се поднесени кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „в