Кога сме гладни, умееме понекогаш да посегнеме по храна која и не е најдобар избор, бидејќи одредени намирници не е добро да се јадат на празен желудник. 10 намирници коишто не смеете да ги јадете на празен желудник:
1. Печиво од крцкаво и лиснато тесто
Производите што содржат квасец го иритираат желудникот и можат да предизвикаат подуеност.2. Слатки
Шеќерот го зголемува нивото на инсулин, што, пак, значајно го зголемува притисокот на панкреасот, кој штотуку се „разбудил“. Навиката на консумирање слатко на празен желудник може да доведе до развој на дијабетес. 3. Јогурт и други ферментирани млечни производи
Кога ќе изедеме јогурт на празен желудник, хлороводородната киселина, која се создава во желудникот, ги убива бактериите на млечната киселина. Така што, со консумирањето на јогуртот и другите ферментирани намирници за појадок на своето тело нема да му направите добро. 4. Круши
Природните влакна во крушите можат да ѝ наштетат на чувствителната мембрана на празниот желудник.
5. ДоматиДоматот содржи големи количини танинска киселина која ја зголемува киселоста на желудникот. Тоа може да биде резултат на чир на желудникот.
6. Свежи краставици и друг зелен зеленчукСировиот зеченчук е богат со аминокиселини. Меѓутоа, тоа може да предизвика киселина во желудникот, подуеност и адбоминална болка, особено кога се јаде на празен желудник.
7. Банани
Ако јадете банани на празен желудник, количината магнезиум во крвта значајно ќе се зголеми, што може да биде штетно за срцето.
8. Лути зачини
Зачинетата храна може да ја оштети и надразни слузницата на желудникот и да го зголеми производството на киселина во желудникот. Тоа, пак, може да придонесе за развој на вообичаени нарушувања во работењето на дигестивниот систем.
9 Студени газирани пијалациДоколку пиете наутро студени газирани пијалаци, тоа може да ја оштети слузницата и да го намали дотекот на крв до желудникот. Последицата од тоа е дека храната се вари побавно.
10. Цитруси
Цитрусите се полни со овошни киселини и ако ги јадете на празен желудник можат да предизвикаат киселини во желудникот и да го зголемат ризикот од гастритис и чир на желудникот.
10 производи коишто смеете да ги јадете на празен желудник:
1. Овесна каша
Овесната каша создава заштитна обвивка околу обвивката на желудникот, што спречува хлороводородната киселина да им наштети на ѕидовите на желудникот. Исто така, содржи растворливи влакна кои го намалуваат холестеролот. 2. Леќа
Леќата нежно го стимулира дигестивниот систем па е одличен извор од белковини, железо и витамини.
3. Палента
Палентата помага во отстранување на токсините и тешките метали од организмот, ги нормализира цревните микрофлори, па долго нè држи сити.
4. Пченични никулци
Два лажици пченични никулци содржат околу 15 отсто препорачан дневен внес на витаминот Е и 10 отсто препорачан внес на фолна киселина. Исто така, помагаат во правилното работење на дигестивниот систем.
5. Јајца
Научно е докажано дека јајцата за појадок можат значајно да го намалат вкупниот дневен внес на калории.
6. Лубеница
Лубеницата на празен желудник ќе ве збогати со добра количина течности. Исто така, лубеницата е добра за здравјето на очите и срцето, бидејќи содржи големо количество ликопен.
7. Боровинки
Истражувањата покажале дека редовното консумирање боровинки го подобрува паметењето и го регулира крвниот притисок и метаболизмот, особено ако ги јадете за појадок.
8. Леб без квасец
Јаглехидратите и другите корисни хранливи материи кои се наоѓаат во лебот се неопходни за нашето тело. Најдобро време е да ги јадете рано наутро.
9. Јаткасти плодови (ореви, лешници, бадеми)
Доколку ги јадете за појадок, јаткастите плодови ќе го подобрат дигестивниот систем и ќе ја нормализираат пХ вредноста на желудникот.
10. Мед
Медот помага во будењето на телото наутро па ни дава сила и енергија. Медот, исто така, ја поттикнува активноста на мозокот и го зголемува нивото на хормонот на среќата – серотонинот.10 намирници коишто не смеете да ги јадете на празен желудник:
1. Печиво од крцкаво и лиснато тесто