Дваесет отсто од ледниците во Канада би можеле да исчезнат до крајот на веков поради глобалното затоплување, а тоа би можело да доведен до пораст на нивото на океаните за 3,5 сантиметри, покажа студијата објавена во магазинот Geophysical Research Letters.„Дури и со умереното зголемување на температурата, многу е веројатно дела мразот ќе се топи со алармантна брзина“оценува Јан Ленартс, метеоролог од универзитетот во холандскиот град Утрехт, главен автор на студијата. Според него, целиот феномен веќе сега е неповратен.Топењето на снегот во тундрата и мразот во светскиот океан околу глечерите го засилува регионалното затоплување, бидејќи снегот и мразот ги одбиваат сончевите зраци, а со нивното исчезнување добар дел од зраци се апсорбираат во почвата и океаните, со што температурата на локално ниво ќе се зголемува.Намалувањето на ледниците за 20 отсто до крајот на овој век кореспондира со глобалното зголемување на температурата за 3 Целзиусови степени во истиот период, меѓутоа околу канадските глечери температурата би можела да порасне и за 8 Целзиусови степени, предупредува професорот Ленартс.Ледниците во Канада, трети според големината во светот, ќе го зголемат новото на океаните за дваесетина сантиметри, доколку целосно се истопат, сметаат научниците коишто работеле на споменатата студија.Од 200 година, температурата во канадскиот арктички архипелаг се зголемила меѓу еден и два Целзиусови степени, а површината на глечерите благо се намалила.„Со оваа студија сакаме да покажеме дека канадските ледници би требало да бидат вклучени во процените и прогнозите за зголемување на нивоата на океаните во текот на следните децении“, вели Микел ван ден Броеке, коавтор на студијата.
МакфаксДваесет отсто од ледниците во Канада би можеле да исчезнат до крајот на веков поради глобалното затоплување, а т