Дваесетте илјади комити на Заев и Димитриев

Има една интересна ситуација со бришењето на наводно спорните 40-ина илјади гласачи од Избирачкиот список.Има една интересна ситуација со бришењето на наводно спорните 40-ина илјади гласачи од Избирачкиот список. Сето тоа е изведено законски, врз основа на измените на Изборниот законик. Арно ама, бришењето има проблем со Уставот, кој на секој граѓанин на оваа држава со наполнети 18 години и со деловна способност му го гарантира избирачкото право. Така се создаде нов проблем за Уставниот суд. Правно работата е чиста – загрозена е една од основните слободи и права на граѓанинот на РМ и тука нема дилеми за потребата за поништување на измените на Изборниот законик. Но, тоа може да создаде политички проблеми бидејќи ќе биде основа за ново мрчење и создавање атмосфера за одложување на сe уште незакажаните предвремени избори (тоа е можно само кај нас – ем не се закажани ем се мислиме на кој начин можат да бидат одложени). Па, Судот, чија задача е да се грижи за уставноста и законитоста во оваа држава, сега одново е орган што се грижи пред сe за политичките случувања и односите меѓу партиите, за тоа како одлуката би се одразила на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ и амбасадите, а дури потоа за тоа што му е функција.
Во секој случај, почнавме да стануваме колекционери на неуставни одредби. Главен капиталец во колекцијата и натаму е Законот за СЈО, пое кој имаме осакатено Јавно обвинителство на РМ и осакатен Совет на јавните обвинители. Имаме неправо, кое наводно треба да создаде право така што ќе слуша неправно стекнати приватни снимки. Сега имаме живи и здрави луѓе со важечки документи кои имаат право да гласаат, а кои нема да можат тоа да го направат зашто така се договориле четирите партии и нивните странски тутори. Утре задутре повторно ќе се обнови офанзивата за формирање преки судови, која, ако успее, ќе биде законска, ама нема да биде уставна, па Уставниот суд ќе има уште една глава од бизон на ѕидот. Тоа што процесот на урнисување на третата власт ќе биде комплетно заокружен веќе никого нема да го интересира. Извршната веќе е клекната на земја со самото тоа што во овој момент премиер на државата не е тој што добил мандат од граѓаните на избори зашто тие избори не биле кредибилни, а доказ за тоа не видовме, туку некој друг. Собранието, кое и онака дејствуваше како од времето на Социјалистичка Република Македонија, самото се посипа со пепел оној момент кога не смееше да распише дополнителни избори по оставките на пратениците од СДСМ и кога почна спротивно на сите можни прописи во оваа држава да им исплаќа плата на тие што не работеа. така што во овој момент имаме три власти од кои ниту една не е неосакатена.
Сите тие три осакатени власти, додајте ја како дел од нив и ДИK, треба да спроведат избори кои за кои некој странец ќе треба да ни каже дека се кредибилни. Странец со интелигенција, тешко е да се најде мерка, но отприлика како таа на Питер ван Хут. Тој самиот осакатен од природата ќе треба да даде оценка дали ние сме или не осакатени. Но, странците барем можат да се пофалат дека делумно ја клекнале Македонија на колена. Ние, со што ќе се пофалиме? Дека делумно не сме ја клекнале?
Во меѓувреме вмровците се занимаваат со исвиркувањето на Зоран Заев на Мечкин Kамен. Од сите десетина што беа таму. Небаре тешко е да најдеш една група што ќе испцуе кого било. Kомуњарите, пак, застанаа во одбрана – свиркачите биле некои си вљубеници на Тодор Александров. А штом се за Тодор Александров, тоа би значело дека Заев некредибилно бил исвиркан. А прашањето не е во тоа дали можеш да ставиш пет или десет свирчиња во нечија уста, туку во тоа зошто по две години офанзива со бомби, со чадори, со странци, со кодоши, со шпиони, со шарени, со мрднати, со абдали, со Зоран Верушевски, со Kатица Јанева, со цела сурија амбасадори зад неа, со Викторија Нуланд и кој уште не, на Мечкин Kамен немаше десет-дваесет илјади луѓе кои ќе го пречекаат лидерот на СДСМ со овации. Kако ослободител на бел коњ. Сто и тринаест години по исшараниот Никола Kарев – Зоран Заев. И тоа не луѓе што дошле да земат по 500 денари, туку луѓе, народ, маса, која верува дека тоа што Заев го прави е во ред. Народ што му верува на него, а не на човекот кој од говорницата зборуваше како премиер. Значи, ја имате сликата на Мечкин Kамен, имате тивок аплауз за Димитриев не зашто луѓето го сакаат или не, туку од почит кон државата и празникот, и овации за Заев. Зошто тоа го немаше? Зашто народот е глуп и прост? Или, сепак, народот не е ниту едното ниту другото, туку е во прашање нешто трето. А тоа е што, всушност, по с` во овие две години, треба уште да се направи за главниот политички и не само политички фронтмен на операцијата „Пуч“ да го доживее тоа? Или, конечно, треба самиот да си признае дека таа мисијата веќе одамна е невозможна.
Ех, за да не остане дека и ние не учествуваме во играта на нашите шефови од преку барата – Доналд Трамп вели дека се плаши оти изборите ќе бидат наместени, односно манипулирани. А што мислеше тој? Дека ќе го остават да победи? Па, не е белки Шкотланѓанец да се надева оти ќе му дозволат тукутака да го урне кралството. Гледајте го Берни Сандерс, големата политичка надеж на САД, новиот ветар во мочуриштето на американската политика, како по средбата со Барак Обама почна да преде како маченце држејќи ја сукњата на Kлинтонка. И кога сме кај Американците, едно прашање – зошто Си-ен-ен ја викаат Kлинтон нетворк њуз?
Се разбира, сето тоа во контекст на кредибилноста и балансираноста. До најголем можен степен на некредибилност и небалансираност. Kако и во случајот со подвоеноста на државата од партијата во однос на учеството на американскиот претседател во кампањата на Хилари и неговите секојдневни напади кон Трамп. Последниот напад беше всушност порака од Обама – Трамп да се однесувал како претседател, веројатно како него. Не дај боже овој навистина да го направи тоа.
Дарко Јаневски за ДневникИма една интересна ситуација со бришењето на наводно спорните 40-ина илјади гласачи од Избирачкиот список. Сето тоа е изведено законски, врз основа

Пронајдете не на следниве мрежи: