Полицијата, вчера попладне на улицата „113“ во Тетово ги приведе А.У. (24) и Ф.Г.(34), двајцата албански државјани од Кукс, кои претходно се обиделе им да побегнат на полициски службеници, информираат од СВР Тетово.Според портпаролот на СВР Тетово, албанските државјани со себе носеле по една црна најлонска вреќа со непозната тревлива материја, најверојатно марихуана и штом ги забележале полициските службеници, веднаш ги фрлиле вреќите и почнале да бегаат.
– Едниот од нив, меѓутоа брзо бил фатен, додека вториот продолжил со бегање и се оглушил на наредбите на полициските службеници, поради што бил испукан еден предупредувачки куршум во воздух. За кусо време и тој бил стигнат на улица „108“. Иако пружил активен отпор, тој е совладан, вели портпаролот Јосифоски.
По извршениот увид, утврдено е дека двете вреќи со околу 3 и пол килограми тревлива материја се фотодокументирани и одземени за вештачење.
Двајцата албански државјани задржани се во Полициската станица Тетово и во координација со јавен обвинител, во текот на денов со соодветен поднесок ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.Според портпаролот на СВР Тетово, албанските државјани со себе носеле по една црна најлонска вреќа со непозната тревлива материја, најверојатно мар