Двајцата Канаѓани и најдобри пријатели Леон Свенсон и Дејвид Тејт, дознале по ДНК тестови дека пред 41 година ги замениле во породилиште и ги сметале погрешно нивните досегашни родители за вистински.Веста беше соопштена на специјална прес-конференција и тие почнале да ронат солзи, откако во исто време побарале истрага и одговори во врска со тоа кој е одговорен за тоа што се случило.
Според нив, откритието нема да влијае врз нивните животи понатаму.
Леон и Дејвид се родени со разлика од три дена во болницата Norway House Indian Hospital во 1975 година. Сите овие години, тие живееле во селото Норвеј Хаус, населено од Индијанци, поточно Абориџини од покраината Манитоба и биле заедно цело време во животот досега, пишува канадскиот телевизиски канал Си-Би-Си.
ДНК тестот потврдил дека тие биле заменети од непознато лице во породилиште, кое во тоа време се наоѓала под правната власт на федералната влада.
Прес-конференцијата на која беше соопштена веста се покажа како исклучително емотивна. Двајцата мажи не можеле да ги прикријат солзите.
Тејт вели дека секогаш ќе ги гледа луѓето кои го воспитувате за родители, иако тој сега е дел и од уште едно семејство.
Веста беше соопштена на специјална прес-конференција и тие почнале да ронат солзи, откако во исто време побарале истрага и одговори во врска со тоа