Двајца новинари убиени во немирите во Каиро

Во немирите во кои има најмалку 287 жртви, беа убиени и двајца новинари. Тие биле убиени во египетската престолнина Каиро.Британските медиуми пренесоа дека, двајца новинари вчера беа убиени во египетската престолнина Каиро, денот кога најмалку 278 лица загинаа во земјата при  задушување на протестите на приврзениците на соборениот египетски претседател Мухамед Морси од страна на силите за безбедност.
Исламистот Морси беше соборен од власта при воената интервенција на 3 јули.
Убиени се Мајкл Даглас (61), камерман на британската телевизија „Скај њуз“, и 26-годишната Хабиба Ахмед Абд Елазиз, дописник неделникот „Експрес“ од Дубаи.
Даглас бил застрелан додека ја снимал операцијата на расчистување на камповите на приврзениците на Морси во Каоро.
Даглас работел за „Скај њуз“ 15 години, првично бил стациониран во Вашингтон, а потоа и во Ерусалим.
Абд Елазиз, која е Египѓанка, била на одмор.
Фотограф на Ројтерс бил прострелан во нога, додека го снимал насилството, и веднаш бил префрлен во болница.
Извор: kurir.mkБританските медиуми пренесоа дека, двајца новинари вчера беа убиени во египетската престолнина Каиро, денот кога најма

Пронајдете не на следниве мрежи: