Двајца полицајци се повредени на протестите кои ги организираат невладините организации, потврдуваат од градска болница за ТВ Нова.Демонстрантите кои вечерва протестираа пред Собранието на Република Македонија се обидоа протестот да го продолжат пред новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ и пред полициската станица „Центар“.
Тие се упатија по улицата „Димитрие Чупоски“, но кордон полицајци им го блокира патот и не им дозволи пристап до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Потоа се упатија по улицата „Даме Груев“ кон полициската станица „Центар“ каде се приведени 13. лица што улчествуваа во вчерашните протести. Во моментов ситуацијата е смирена, но тензична.
Пред Собранието побараа оставка од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, итно ослободување и отфрлање на обвиниенијата против сите приведени од вчерашните протести, замрзнување на процесот за одржување избори на 5 јуни и формирање експертска Влада која ќе организира фер, демократски и кредибилни избори.Демонстрантите кои вечерва протестираа пред Собранието на Република Македонија се обидоа протестот да го продолжат пред новото седиште на ВМРО-ДПМН