Двајца се потешко повредени во тепачка во дискотека во Штип по одржувањето на митингот на СДСМ и коалицијата „Сојуз на иднината“. Очевидците, за инцидентот велат дека се случил околу три часот рано наутро.
Во тепачката учествувале синови на познат политичар и на штипски бизнисмен.
Засега од непознати причини двајцата почнале да ги провоцираат присутните гости, но бидејќи тие не одговориле на нивните недолични дофрлувања, во еден момент синот на бизнисменот со стаклен предмет замавнал кон еден од гостите нанесувајќи му расекотина на лицето.
Во инцидентот физички бил нападнат уште еден гостин на кој му се нанесени повреди на лицето.Во случајот интервенирала полицијата. Насилниците се повикани на разговор.
Се работи на расчистување на случајот, велат надлежните од СВР – Штип кои засега не сакаат официјално да ги потврдат имињата на учесниците во тепачката, за што велат дека дополнително ќе излезат со информации.Ова не е прв инцидент по одржувањето на митинг на опозицијата во Штип. Минатото лето истите учесници предизвикаа тепачка и на бензинска пумпа на влезот во градот.Двајца се потешко повредени во тепачка во дискотека во Штип по одржувањето на митингот на СДСМ и коалицијата „Со