недела, 29 ноември 2026
Најново

Двајца загинати при уривање на мал авион на имотот на кралицата Елизабета

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Две лица загинаа, кога маал патнички авион, се урнал на имот на британската кралица Елизабета, во Сандрингам, англиската област Норфолк.Во соопштението на локалната полиција се вели дека во удесот загинал пилотот,маж на 50-годишна возраст и неговата 70-годишна сопатничка.

Засега не се знаат причината што го предизвикало падот на малиот авион од типот „Пајпер- ПА28„ особено што условите за летање во тие моменти биле сосема поволни- било сончево, со голема видливост и без ветер.
Авионот се урнал до едно село во Норфолк, кое е популарна туристичка дестинација, поради близината на морскиот брег, но локалните власти соопштиле дека падот на авионот не предизвикал никакви други последици.
Сандрингам каде се наоѓа еден од имотите на кралицата, е омилено место на одмор за целото британско кралско семејство, кое честопати таму навраќа, особено за празниците кога сите се собираат на заеднички одмор.
 Во соопштението на локалната полиција се вели дека во удесот загинал пилотот,маж на 50-годишна возраст и неговата 70-годишна сопатничка.

Поврзани вести