Двајт Хауард го засили Хјустон

Најдобриот центар во НБА лигата го напушти тимот на ЛА Лејкерси и премина во Хјустон Рокетс.
Хауард го напушти Лејкерси иако овој тим можеше да му понуди поголема плата, но тој се одлучи да и се приклучи на младата екипа на Хјустон.
Двајт Хауард е дефинитивно најголемата ѕвезда од преодниот рок во НБА кој се одлучи на ваков чекор кога станува збор за трансфер.
„Одлучив да станам член на Хјустон Рокетс. Се чувствувам дека тоа е најдоброто за мене, возбуден сум поради тоа што се приклучувам кон оваа екипа и очекувам одлична сезона. Сакам да им се заблагодарам на сите навивачи на Лејкерс и да им посакам се најдобро“ напиша Хауард на својот „Твитер“.Најдобриот центар во НБА лигата го напушти тимот на ЛА Лејкерси и премина во Хјустон Рокетс.

Пронајдете не на следниве мрежи: