Дванаесет факти кои звучат бесмислено, но се вистинити

Доколку мислите дека Ајфеловата кула можете да ја фотографирате 24 часа, размислете повтроно…Некои од овие работи веројатно сте ги чуле, но се чинат  толку неверојатни што никој при здрав разум не би помислил дека се вистинити. А се. Ви откриваме  12 најчудни факти кои се вистинити иако  е тешко да поверуваме во тоа.
1.Фотографирањето на Ајфеловата кула преку ноќ е илегално
Верувале или не, ова е забрането поради  законот на ЕУ за авторски права. Како што пишува на страните на Ајфеловата кула  „Погледот од Ајфеловата кула  преку ден е дозволен за сите. Но нејзините разни илуминации подложени се на авторски и права на брендот“.
2. Вселената е беж боја
Во 2002 година научниците откриле дека вистинската боја  на вселената е беж, а не светло тиркизна како што претходно  се верувало.
3. Годзила во летниот кино хит од 2014 година бил на екран само осум минути.
4. Првиот купувач на Амазон потрошил 27.95 долари и добил зграда со негово име- John Wainwright.
5. Симпсонови го измислиле познатиот збор 'yoink'.
6. Повеќе од 80 проценти од породувањата на булдозите се случува со царски рез. Тоа се случува бидејќи  главите на кутренцата обично се преголеми за да излезат по природен пат.
7. Температурата во Мајами само еднаш достигнала 27.7 степени целзиусови.

8. Постои јазик кој се нарекува анал. Со него се разбираат членовите на племето Анал сместено на југоистокот на Индија и во деловите на Мјанмар.
9.Во 1994 година Бил Друмонд и Џими Каути ритуално запалиле милион фунти на остров во Шкотска. Членовите на групата КЛФ никогаш не објасниле зошто ги уништиле своите пари.
10. Римјаните имале обичај забите да ги чистат со урина.
11. Во 1975 година професорот Џек Хетхерингтон како коавтор на истражување од физика ја навел својата сијамска мачка.
12. Адвокатите  на музичарот Принц еднаш  барале  Веирд Ал Јанковиќ да не воспоставува контакт со очи со познатата ѕвезда. Јанковиќ изјавил дека тоа се случило  кога и двајцата биле на Американ мјузик авордс. „Наводно требало да седам во ист ред со него и добив телеграма, и тоа не само една, од неговата управа во која пишуваше дека не смеам да го гледам во очи за време на шоуто“.Некои од овие работи веројатно сте ги чуле, но се чинат  толку неверојатни што никој при здрав разум не би помислил дека се вистинити. А се. В

Пронајдете не на следниве мрежи: