Мажот кој не покажува интерес за вас и вашето хоби е маж кој не ве заслужува.
За некои работи нема компромис – еве кои се дванаесетте работи пред кои не треба да замижите.
Дрзок е кон келнери – денеска е келнерот, утре сте вие.
Зборува само за себе – мажот кој не покажува интерес за вас и вашето хоби не е маж кој ве заслужува.
Во креветот ги задоволува само своите потреби – ова јасно ви кажува дека тој секогаш се става на првото место.
Претенциозен е – токму и како кај жените, самоуверените мажи се сметаат за привлечни. Но, повторуваме – самодовербата има поинаква дефиниција од претенциозноста.
Ги нарекува своите поранешни партнерки со погрдни имиња – можеби некои и ја заслужиле таквата титула, но сигурно не се сите “луди”, а тој совршен.
Ве понижува – секој маж кој така се однесува кон партнерката пати од комплекси, а таквиот маж не сакате да го запознаете со вашите родители или пријатели.
Одмерува други жени – доколку не може да се контролира кога е со вас, што прави кога е сам?
Не води доволно грижа за својата хигиена – има ли нешто полошо?
Постојано се жали – во ред понекогаш да ви се пожали за нешто што му се случило, но постојаното жалење едноставно е одбивно. Сите имаме свои проблеми, само некои знаат како да се носат со нив.
Преблизок однос со мајка му – мажот кој има добар однос со неговите родители е она што секоја жена го посакува, но мамин син кој не прави ништо без допуштање е знак дека нешто не е во ред.
Постојано ѕвонење и пишување пораки – “веќе е 17 часот, а ти сè уште не ми се јавуваш. Зошто? Сè ли е во ред? Што згрешив?!”.
“Упорност” – тој мисли само на секс и ништо нема да го запре во неговите намери.
Пронајдете не на следниве мрежи: