Агим Ибраими одигра повторно маестрален натпревар, македонскиот интернационалец повторно му донесе титула на својот тим, овој пат потврдувајќи ја својата висока класа во Супер Купот на Словенија каде неговиот тим ја декласираше екипата на Олимпија со 3-0.
Македонскиот фудбалски репрезентативец одигра одличен натпревар за Марибор асистирајќи на два од три погодоци за овој тим во Супер Купот на Словенија против тимот на Олимпија.
Првиот погодок Марибор го постигна преку Тавареш во 25-тата минута, за 2-0 стрелаше Мезга во 45-тата минута, и двата гола на асистенција на Агим Ибраими.
Нашиот интернационалец во вториот дел, односно во 64-тата минута беше заменет со Бохар. Марибор победата ја потврди преку Цвијановиќ токму во 64-тата минута од мечот.
Фановите на големо го слават Агим Ибраими кого го посочуваат за „главен виновник“ за одличната сезона на Марибор и играч број еден на овој тим па полека но сигурно Ибраими станува синоним за идол во Марибор кај големите љубители и фанови на овој тим.
Фото: www.nkmaribor.comАгим Ибраими одигра повторно маестрален натпревар, македонскиот интернационалец повторно му донесе титула на својот ти