Грипот ги зеде првите жртви. Тоа се две деца на возраст од 3 и 4 години, едното од Кичево, а другото од Гостивар, кои биле лекувани на Клиниката за детски болести – Скопје на Одделот за интензивна нега. Ова се вели во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје во кој се презентирани податоци за неделниот број на заболени од грип од 1-ви до 8-ми jануари. Според извештајот, во земјава има 8.067 нови случаи на грип, со што вкупната бројка на заболени се искачи на 23.843 со кумулативна инциденца од 1.152,3 на 100.000 жители. Бријиот на новоизаболени намалување од 14,9 отсто во споредба со минатата недела кога беа пријавени 9.485 случаи.„Намалениот број на случаи во споредба со претходната недела се должи на намалениот број на случаи кај децата од 5-14 години, што може да се објасни со почетокот на зимискиот распуст. Иако зимскиот распуст на училиштата може да го ублажи интензитетот на ширење на грипот, сепак се очекува високиот број на случаи да се одржува и во наредните недели“, оценуваат епидемиолозите.
Тие велат дека бројот на пријавени случаи на грип и заболувања слични на грип, како и лабораториски потврдените случаи на грип укажуваат на ран почеток на сезоната, а неделниот број и понатаму се одржува над границата на многу висока активност на грипот што е прв пат по пандемската сезона 2009/2010). „Намалениот број на случаи во споредба со претходната недела се должи на намалениот број на случаи кај децата од 5-14 години, што може да се