Аргентинецот Хорасио Видела, со месеци боледувал од разни инфекции сѐ додека хирурзите не му извадиле чепкалка од срцето која ја голтнал две години порано, а за што не ни бил свесен.„Знаевме дека треба да извадиме страно тело. Мислев дека тоа ќе биде катетер. Кога на колегите им реков дека станува збор за дрвена чепкалка, не ми поверуваа. Ми велеа дека стареам и дека треба да се пензионирам“ – раскажал низ смеа хирургот Фернандо Сичеро.
Тој објаснил дека чепкалката минала низ дигестивниот тракт во крвниот систем, сѐ до срцето.
„За среќа, станува збор за силен и здрав маж“ – навел лекарот.
„Шест месеци се влечкав по болници. Чувствував како нешто да ме боде во срцето“ – изјавил Видела (42).
Во текот на последните неколку месеци, Видела изгубил седум килограми.
„Имав висока температура, а лекарите не знаеја што ми се случува“.
Д-р Сичеро изјавил дека во медицинските документи се забележани уште два такви случаи: еден кој се случил во Јапонија во 1972 година и еден во Кина во 2000 година.„Знаевме дека треба да извадиме страно тело. Мислев дека тоа ќе биде катетер. Кога на колегите им реков дека станува збор за дрвена чепкалка,



