Две игри за Андроид ги собираат лозинките за најава на Фејсбук. Доколку имате барем една од нив, ВЕДНАШ избришете ја!

Tinker Studio очигледно има проблем со игрите за Android. Двете нивни игри се повлечени од Google Play Store, затоа што на корисниците им ги украле податоците за пријава на Facebook.Cowboy Adventure е преземена нешто над половина милион пати, а Jump Chess околу пет илјади пати. Но, двете игри се повлечени од Google Play Store, а секој оној којшто има инсталирано барем една од овие игри, треба да си ја смени лозинката на Facebook.
Словачката антивирусна компанија ЕЅЕТ, прва забележа дека нешто не е во ред. Еден од истражувачите, Лукас Штефанко, забележал дека неговата игра чудно се однесува. Иако сме навикнати на тоа многу од игрите да бараат дозвола за пристап на Facebook, каков што бил и случајот со играта Cowboy Adventures, многумина ги користат само за статистички цели.
Штефанко открил дека Cowboy Adventure собира податоци од корисниците на социјалната мрежа и дека ги складира на сервер којшто се наоѓа во Панама.
ЕЅЕТ ги истражи и другите игри, сфаќајќи дека истата работа се повторува. Кога ги истражиле кодовите во игрите, увиделе дека дел од кодот во себе содржел виетнамски текст. Тешко било да се утврди и каде се лоцирани девелоперите на игрите и што точно прават со собраните податоци.
Од компанијата велат дека е можно да не станува збор за хакери, но еден од истражувачите на ЕЅЕТ – Роберт Липовски, е уверен дека се работи за криминалци.
„Не постои веројатност дека се само глупави“, рекол тој.Cowboy Adventure е преземена нешто над половина милион пати, а Jump Chess околу пет илјади пати. Но, двете игри се повлечени од Google Play Store,

Пронајдете не на следниве мрежи: